Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Вардар
По двете победи во осминафиналето во Лигата на шампиони (27:18 и 32:30), „црвено-црните“ подобри од ППД Загреб и на неутрален терен, во Брест, Белорусија, со 26:23 за петта победа во регионалното ракометно натпреварување што ја засени тешкиот пад и повреда на германскиот интернационалец во ростерот на Гарсија Парондо. Во меч за третото место, Мешков Брест го совлада Нексе со 24:19
„Црвено-црните“ и во реваншот го совладаа хрватскиот противник со 32:30 за потврда на оние 27:18 од првата средба во загрепска арена во минатиот викенд. Нареден ривал на вардарци ќе биде подобриот од двомечот ПИК Сегед – Висла Плоцк
„Црвените“ од Градски парк загубија од вардарци со 0:2 во дербито на 24. коло во македонската Прва лига што е трет пораз во низа за нив, па одговорност понесе тренерот кој неотповикливо се повлече од кормилото.
Ракометната пресметка што беше најавена како меч на неделата на ЕХФ и дерби на осминафиналето донесе еднонасочен натпревар. „Црвено-црните“ ги декласира „плинарите“ со 27:18 (полувреме 14:6) за, слободно ќе речеме, формален реванш по седум дена во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на осминафиналето во Лигата на шампиони
Првиот меч е закажан на 23 март во Загреб, реваншот е седум дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“. Победникот од двомечот меѓу македонскиот и хрватскиот шампион во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Пик Сегед и Висла Плоцк
Вардарци го елиминираа актуелниот освојувач на ЛШ по триумфот со 33:27 во последниот меч од групната фаза и завршија на третото место на табелата во А конкуренцијата со оглед дека и Веспрем го победи Кјелце во Полска со 36:35. Во осминафиналето ќе играат со ППД Загреб или со Мотор Запорожје во зависност од конечниот расплет во групата Б
„Црвено-црните“ го совладаа шведскиот претставник со 32:30 (полувреме 16:17) и барем на 24 часа ќе бидат втори на табелата во групата А
Мечот вo Шведска е попладнево од 19 часот и во случај на победа „црвено-црните“ ќе останат на третото место на табелата и ќе задржат шанси на крајот да бидат и втори за што, сепак, се прашува и Веспрем
Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ загубија од Веспрем со 27:29 во дербито во групата А и мечот на неделата на ЕХФ и паднаа на третото место на табелата во пресрет на последните две кола
Талески е роден во Мелбурн во 2000 година. На „црвено-црните“ им пристапи во 2017 година, а професионален договор склучи лани. Важи за иднина на македонскиот фудбал и може да игра како класичен шпиц, како втор напаѓач или да дејствува по крилните позиции. За селекцијата до 19 години одигра девет меча во кои постигна пет гола
Младиот лев бек на Вардар, Филип Антовски (18) со трансфер во Динамо Загреб. „Црвено-црните“ ќе добијат 25.000 евра за тинејџерот…
Порака со навредлива содржина беше упатена кон тренерот на полската екипа, Кјелце за време на мечот во Лигата на шампиони во СЦ „Јане Сандански“ минатиот месец