Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вардар го остави Работнички без тренер: Тасевски поднесе оставка

0
By Нова ТВ on March 28, 2019 СПОРТ
Фото: fkrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 28, 2019 21:31

Репрезентативната пауза во домашното првенство не промени ништо на подобро во екипата на Работнички која и пред неа беше западната во резултатска криза. „Црвените“ од Градски парк загубија од Вардар со 0:2 во дербито на 24. коло во македонската Прва лига што е трет пораз во низа за нив, па некој мораше да понесе одговорност. И како што е пракса во најважната споредна работа во светот, први на удар во такви ситуации се тренерите. Исклучок не е ниту Жикица Тасевски кој по поразот поднесе неотповиклива оставка на кормилото на дебармаалци.

„Поднесов неотповиклива оставка бидејќи клубот се наоѓа во ситуација што е неприфатлива за мене. Резултатски не бевме најдобри и тоа треба да се признае. Кој го познава денешниот фудбалски поредок, тоа, секако, ќе го разбере. Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за работа ги овозможуваат. На сите во клубот им посакувам многу среќа во продолжение на првенството, а јас ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресвртница за нови успеси што се достојни за клуб каков што е Работнички“, порача Тасевски на заминување од Градски парк.

Работнички моментно е шести на табелата со 31 бод. Во последните пет првенствени меча има само еден триумф (против фенерџијата Победа со 1:0), едно реми (против Силекс 1:1) и дури три пораз (од Академија Пандев 1:2, од Шкендија 0:1 и од Вардар 0:2). Во наредното коло, во недела, дебармаалци ќе гостуваат во Ѓорче Петров на екипата на Македонија, но излезот во Европа се чини е невозможна мисија за нив во оваа сезона и покрај драстичното освежување на тимот во зимскиот преоден рок и подготовките во Анталија.

Прва лига, 24 коло

Работнички – Вардар 0:2

Силекс – Шкендија 0:3

Ренова – Беласица 3:2

Шкупи – Македонија Ѓ.П. 0:1

Победа – Академија Пандев (одложен за 1 мај).

Табела: Шкендија 53, Вардар 45, Академија Пандев 42 (-1), Ренова 33, Шкупи 33, Работнички 31, Македонија Ѓ.П. 29, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18 (-1).

Идно коло (31 март): Македонија Ѓ.П. – Работнички, Шкендија – Победа, Беласица – Шкупи, Академија Пандев – Ренова, Вардар – Силекс.

Вардар Жикица Тасевски оставка Прва лига Работнички фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.