Ју-Ес опен со три покани:Вајлд карти за Азаренка, Кузнецова и Вавринка

Белорусинката лани го пропушти гренслемот во Њујорк поради борба за старателство врз нејзиното дете, Русинката, пак, беше елиминирана уште во второто коло од Куруми Нара додека Швајцарецот се рехабилитира по операцијата на повреденото колено

Тенис: Азаренка го пропушта Ју-Ес опен за старателство врз синот

Комплицираната семејна ситуација во која се најде по породувањето е единствена причина поради која поранешната најдобра светска тенисерка го откажа учеството на американскиот гренслем што ќе стартува во понеделник. Според законот, таа не смее да го изнесе осуммесечниот Лео од Калифорнија каде е роден, а без него не сака да патува во Њујорк