Browsing: ВМРО-ДПМНЕ

За жал, денеска по толку години искуство од турбулентиот и динамичен процес на нашата интеграција во ЕУ, Мицкоски е првиот политички лидер кој ја оспори валидноста и објективноста на европскиот извештај

По повеќе од една година од првото закажано рочиште за судењето за предметот кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во Кривичниот суд во Скопје денеска странките дадоа воведни говори. Продолжението на случајот е закажано на 20 март за кога Обвинителството побара да бидат повикани тројца сведоци, меѓу кои Силјан Мицевски и Јован Дерков

Постапувам за оваа пријава исто како што постапувам и за секоја друга“, вели обвинителката Вилма Рускоска како одговор на острите критики од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој на протестот на опозициската партија изрази незадоволство од постапувањето на Обвинителството и судовите

Правдата е нападната од неправдата, не се докажа ниту еден криминал, а премногу криминали се амнестираа. Кога граѓаните ќе ни дадат мандат нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт, порача од вечерашниот протест лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на опозициската партија повика на граѓански протест за утре во 18 часот што ќе започне пред Обвинителството на кејот на Вардар и ќе заврши пред Врховниот суд и на кој ќе се побара одговорност за неправдите и, како што рече, главата на октоподот која не може да се сокрие

Тој потсети дека бруто надворешниот долг на државата во периодот 2006 – 2017 година (прв квартал), во кој опозициската партија беше на власт, порасна од околу 2,5 милијарди евра на околу 7,7 милијарди евра или за повеќе од 5 милијарди евра и изрази верба дека, како што стои во постот на неговиот Фејсбук профил, „граѓаните нема да дозволат да допрат до државниот буџет“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на предвремените парламентарни избори денеска објави дека се обврзува на инвестиции во патната инфраструктура во износ од две милијарди евра