Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Негирање на објективноста на извештајот на ЕК е опасност за европските перспективи

0
By Борјан Јовановски on March 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 6, 2020 16:09

Извештаите за напредок кои Европската Комисија (ЕК) редовно ги објавува за земјите кандидати за членство, како и за оние кои се наоѓаат во преговарачки процес, произлегоа како резултат на процесот за стабилизација и асоцијација утврден во 2000 година кога Европската Унија (ЕУ) одлучи да ја отвори перспективата за членство за земјите од Западен Балкан. Во тој процес како клучен инструмент беше востановен Извештајот за напредок кој е дефиниран како патоказ за земјите аспиранти во процесот на реализација на нивните намери за целосна интеграција во ЕУ.

Првиот извештај Македонија, согласно утврдените правила на игра во процесот за стабилизација и асоцијација, го доби во 2001 година кога владата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, за време на воениот конфликт во државата, почна да назадува во реформските процеси. Тој тренд на назадување беше забележан во извештајот, но премиерот Георгивески не се осмели јавно да им противречи на тие наоди, но затоа побара од неговата администрација да упати писмо до ЕК во кое ќе им противречи на оценките утврдени од еврократијата.

На оваа писмо брзо стигна кус одговор кој исто како и писмото не беше достапен за јавноста. Во писмото од тогашниот комесар за надворешна политика, Крис Патен беше наведено дека европската администрација ќе го игноририра дописот од Скопје како да не се случил и дека целта на извештаите не е да се води полемика околу нив на релација Брисел – Скопје, туку дека негова цел е институциите и релевантните политички субјекти да се изјаснат што ќе преземат за да ги поправат забелешките нотирани во извештајот. Од тогаш до денес, ниту еден политички лидер не се осмелил да го оспорува наодот на ЕК.

Дури и Груевски во 2014 година, кога ЕК констатира дека Македонија е во ќор-сокак, не си го дозволи тој луксуз. На изјавата на тогашниот комесар, Штефан Филе дека Македонија е во ќор-сокак и дека се потребни итни мерки за да се преиначи назадување, особено во однос на слободата на изразување, медиумите и независноста на судството, Груевски одговори:

„Овој извештај е најдобар доказ за тоа дека ние, и покрај билатералниот спор со Грција и покрај сите можни предизвици кои ни се поставија на нашиот пат, сепак, не скршнавме и не се откажуваме од европската агенда“, изјави во 2014 година тогашниот премиер Никола Груевски, свесен за значењето на Извештајот за кои постоеше општ консензус дека е инструмент кои објективно ги оценува состојбите на планот на европксите интеграциски процеси на државата.

За жал, денеска по толку години искуство од турбулентиот и динамичен процес на нашата интеграција во ЕУ, Мицкоски е првиот политички лидер кој ја оспори валидноста и објективноста на европскиот извештај.

„Препораката на Европската комисија за отпочнување преговори, според ВМРО-ДПМНЕ е најважниот дел од последниот Извештај, а истовремено и единствен дел со кој се согласуваме“, рече Мицкоски, додавајќи дека неприфатливи се оценките за почнати реформи во судството, разузнавачкиот сектор и јавната администрација.

Оваа негова изјава е опасен преседан во процесот на европските интеграциски процеси кои сериозно ја доведува во прашање најрелевантната алатка на ЕК за нашата интеграција во ЕУ. Доколку објективноста на овој инструмент, како клучен патоказ и репер на нашиот пат кон ЕУ, продолжи да се оспорува, Македонија ризикува да се изгуби на овој пат, а со тоа и да го стави во опасност постоечкиот национален консензус во однос на европските интеграции кој е воедно и единствената кохезивна сила во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество какво што е македонското.

Домашната јавна дебата на која поттикнува овој инстумент на ЕК е секогаш добредојдена во насока на тоа дали и како се одвиваат реформските процеси нужни за забрзување на интеграцијата. Но, таа дебата може да биде продуктивна само и само ако се води врз основа на општ концензус за тоа дека наодите на ЕК се објективни и дека нивната цел не е да служат на интересите на било чија партиска агенда, туку дека се единствено во функција на националниот интерес за зачленување на Македонија во ЕУ. Ваква игра со инструметните за остварување на стратешките интереси на Македонија е сериозна закана за перспективните на државата и нејзината стблиност.

ВМРО-ДПМНЕ Европска Комсија ЕУ Извештај Македонија членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.