Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускоска: Никој досега не се јавил да постапувам вака или онака или да не постапувам

0
By Нова ТВ on February 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 26, 2020 11:26

Досега никој не ми се јавил за да влијае да постапувам вака или онака или да не постапувам, тврди обвинителката по вчерашните опозициски обвинувања дека Обвинителството штити некого.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати остри критики на сметка на Обвинителството и судовите во неговото обраќање на вчерашниот протест против неправдата. Осврнувајќи се на аудио-снимката во која се слуша гласот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, а што ја презентира нивниот пратеник, Антонио Милошоски и ја достави до Обвинителството, Мицкоски изрази незадоволство од постапувањето на Обвинителството.

„И еве, поминаа повеќе од 48 часа, а нема никаква, никаква суштинска реакција ниту од Рускоска, ниту од било кој друг. Ако Заев е „капо де тути капи“ на мафијата, главните советници и верни заштитници на неговиот криминал се Вилма Рускоска и Љубомир Јовевски, запаметете ги овие имиња. А, гледаме дека ништо помалку не биле ни тие од Врховниот суд, врховните судии. Нивните усти се замолкнати, додека ни се уништува државата, додека ги губиме институциите. Овие двајца, плус уште неколку врховни судии засилени со уште неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат, се единицата за брза интервенција за спасување на Зоран Заев“, обвини Мицкоски.

Не штитам никого

„Постапувам за оваа пријава исто како што постапувам и за секоја друга“, вели за „Дојче Веле“, обвинителката Вилма Рускоска.

„Антонио Милошоски вчера ме праша каква е понатаму процедурата со аудио-снимката што ја достави. Направив една паралела. Кога Јордан Камчев дојде да поднесе пријава, достави аудио и видео снимки, а при поднесувањето на записникот за кривичната пријава посочи и лица кои би можеле да посведочат за веродостојноста на тоа што тој го кажува. И додека се чекаше вештачењето на материјалите што ни ги достави, лицата што ги посочи беа повикувани да дадат исказ. Му сугерирав и на Милошоски – ако може да посочи сведоци, бидејќи така многу би се забрзала постапката“, вели обвинителката Рускоска.

Првата аудио-снимка што ја доставил Милошоски веќе била на вештачење, а вчера била испратена и втората. Во однос на тврдењата дека преку снимки од видео надзорот во зградата на Владата лесно може Обвинителството да утврди со кого се среќавал и разговарал Заев во мај (периодот на разговор од аудио-снимката), обвинителката вели дека е тоа е лесно, но ако имаат сознанија кој ден била посочената средба, имајќи предвид колку луѓе дневно влегуваат во премиерскиот кабинет, а камоли во текот на цел месец.

Рускоска ги отфрла опозициските обвинувања дека Обвинителството штити некого или дека работи под нечиј диктат.

„Најискрено ви кажувам, досега никој не ми се јавил за да влијае да постапувам вака или онака или да не постапувам“, тврди обвинителката.

На прашањето дали можеби владее автоцензура или одредена инхибираност кога се во прашање постапки во однос на лица од власта, Рускоска е децидна: „Апсолутно не!“

Не се меша, но има барања

Мицкоски на вчерашниот протест изјави дека се залага за апсолутна правда.

„Слушнете ме добро, јас сум за апсолутна правда, и сакам јасно да подвлечам дека не сме сите исти, многу сме различни. Не сме сите исти, затоа што ниту денес, а ниту утре кога граѓаните ќе ни дадат мандат, нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт“, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Набрзо потоа рече дека дошле пред институциите, за да испорачаат три барања.

„Прво, покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев кој се меша во обвинителски и судски постапки и одлуки на Врховниот суд. И тоа истрага од тим на обвинители кои нема да ги одбере Рускоска, поточно Зоран Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност. Мора да има обвинение по кое Зоран Заев ќе одговара за злоупотреба на службена должност и попречување на правдата и понижување на државата“, побара Мицкоски.

Второто барање е итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивните одлуки, и третото- итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите. „Очекуваме реакција, и тоа брза, одлучна реакција, а доколку ја нема, народот е тука и веќе добро знае што треба да направи и каков громогласен одговор следи на 12-ти април“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Вилма Рускоска ВМРО-ДПМНЕ обвинителство протест Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.