Browsing: ВМРО-ДПМНЕ

Во ваква ситуација, со овој ресор до изборите би требало да раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која е предлог на СДСМ, а по изборите и до изборот на новата Влада, раководењето со ресорот треба да го преземе редовниот заменик-министер во МТСП, Ѓонул Бајрактар

Дел од членовите биле линија на пораката што Мицкоски ја испрати во текот на денот и истакнале оти „нема причина да се продолжи со учество во собраниската работа“, а дел, пак, го застапувале спротивното. Како адут што гo понудиле и на крајот бил прифатен е дека „излегување ќе значи оставање на слободен простор на власта за експресно минување на сите закони за кои опозицијата смета дека се штетни за граѓаните и државата, меѓу кои бил посочен и за Законот за ЈО“

Собранието доцна синоќа ја утврди потребата за донесување на законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители по скратена постапка. Носењето на самата одлука мина во тензичка атмосфера и препукувања меѓу власта и опозицијата. Седницата првично беше закажана за 17 часот, но започна со задоцнување од околу четири часа. Владата го повлече текстот на законите поради технички грешки и по направените корекции повторно го врати во собраниска процедура. Расправата за двете предложени законски решенија се сели во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија

Заев со законот за јавно обвинителство, со кој се сака да не важат прислушуваните разговори, спроведува операција за амнестија, и тоа амнестија лично за себе и за членови на неговото семејство, амнестија за раководството на неговата партија и функционери од коалиционата влада за кои постојат сомнежи дека се силно инкриминирани во нелегални активности и, конечно, амнестија за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, поточно за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси“, рече лидерот на опозициската партија

Во последните години, унгарскиот политички врв, преку една од словенечките банки и помагачи во Словенија, спроведува огромна меѓународна операција за политичко разузнавање и поддршка на медиуми блиски до ВМРО ДПМНЕ во Македонија. Целта на оваа операција е да се собори владата на Зоран Заев и Преспанскиот договор кој на Македонија и обезбеди членство во НАТО, пишува словенечкиот портал „necenzurirano.si“ 

Предложениот текст синоќа доби зелено светло во Владата и влегува во собраниска процедура. Власта ја обезбедила потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување. Парламентарното мнозинство смета на гласовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците, на Алтернатива и на БЕСА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави нови четири милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат, драстично намалување на невработеноста под 10 отсто, нула персонален данок за млади до 29 години што ќе значи ослободување од персонален данок за нивно вработување при годишен нето приход до 6.500 евра

Ваквата негова реакција доаѓа по, како што напиша, вознемирувачките информации и фотографии за несоодветно третирање на медицински отпад во погони на „Еко Клуб“ во кругот на Металски завод во Скопје и смета дека е голем тест за опозициската партија која, според него, фактите ја поврзуваат со фирмата што го расфрлала медицинскиот отпад