Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Играч на ВМРО ДПМНЕ го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 ВЕСТИ
Фото: skopje.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 5, 2020 13:05

Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е целосно во белата палата, кај ВМРО-ДПМНЕ, обвинија социјалдемократите. Нова ТВ прва ја објави сторијата за алармантната ситуација со несоодветно третираниот медицински отпад во фирмата „Еко-Клуб“.

„Фирмата „Еко-Клуб“ е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ. Сашо Јанакиески, сопственикот на „Еко клуб“ беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски. Еко клуб“ е битолска фирма, која дебело се офајдила во времето на ВМРО-ДПМНЕ – тоа се гледа во бројните тендери од времето на вмросвскиот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Потенцираме – Сашо Јанакиевски, бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите. Таквиот отпад иако не смеел, го носел во депонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ” изјави портпаролот на СДСМ на прес конференција одржана пред седиштето на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Во својата портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за овој проблем го обивни и поранешниот директор на Дрисла, Горан Ангелов.

„Тоа е истиот Ангелов кој преку негова фирма во Бугарија вршел незаконски увоз на контејнери опасен отпад од Италија и за кого се води истрага во соседна Бугарија.
Ако се знаат сите овие релации и пријателства на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш јасно е кој стои зад ужасот со медицинскиот отпад и кој поттикнувал потенцијална опасност од ширење зарази. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ која заради профит на поединци свесно го загрозувала здравјето на граѓаните и ја загрозувала животната средина. ВМРО-ДПМНЕ ги труе луѓето со отпад. ВМРО-ДПМНЕ штети на здравјето на луѓето!” изјави Костадинов.

Тој во својата изјава го повика обвинителството итно да го решат случајот.

Во врска со овој случај претходно на ФБ се огласи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

„Како граѓанин на оваа држава, како родител и како одговорен политичар, не можам да поверувам дека човечки органи и медицински материјали се третирале аматерски со потенцијална опасност за пренесување на зарази врз луѓето. Подвигот на градскиот инспектор да упадне во „Еко клуб“, да направи фотографии и да ја фати на дело фирмата која опасниот отпад го третирала несоодветно, треба да претставува мотив за надлежните институции за што побрзо решавање на случајот. Нема да дозволиме некој да профитира врз здравјето на нашите сограѓани. Заврши времето кога никој не водеше сметка за екологијата и здравјето и кога се замижуваше пред вакви скандали“, напиша Заев меѓу другото на Фејсбук.

Посочениот, Сашо Јанакиевски, НОВА ТВ деновиве го добив телефонски. Тој знаеше за случајот, но рече дека е конструкција.

„Градскиот инспектор практично провалил во нашата фирма и немал дозвола да врши увид во нашата работа и за тоа треба да одговара. За случајот знае и МВР кои сега го водат. За предметот во Јавно обвинителство не сум известен, никој од таму ме нема повикано. Она што го знам е дека ова е конструкција за повисоки цели, особено ако се знае дека Градот го презеде владението со депонијата Дрисла. Јас со години работам на медицински отпад и можеби сме најдобрите во тоа. Оставам институциите да го решат ова. Ќе нагласам дека неколу дена по упадот на градскиот инспектор, нè посетија инспектори од Министерството за животна средина кои направија записник дека се е во ред во „Еко клуб“, пренесе Јанакиевски.

 

ВМРО-ДПМНЕ Дрисла медицински отпад СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.