Browsing: Закон за Јавно обвинителство

Многу неблагодарно е да кажам дека имаме 80 пратеници врзани во крпче, прво е неколегијално од моја страна, но длабоко сум убеден и сум оптимист до чинот на гласањето ќе го имаме потребното мнозинство и дека со сигурност најмалку 80 пратеници колеги, ќе имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава, рече пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Нема логика, вели Камбовски, шестмина професори од различни области да седнат и да напишат закон кој се однесува на јавнообвинителската фела. Калајџиев, пак, вели дека тоа е негово барање – експерти, а не политичари да го изготват законот

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека до нив е доставен нов предлог закон за ЈО, кој на крајот од минатата година беше најавен од Министерството за правда од каде вчера најприн рекоа дека во игра останува старата верзија, но подоцна очигледно нешто се променило

Судејќи според првичните реакции од партиите, поверојатно е дека никој нема да брза и да „крши нозе“ за носење на законот за јавно обвинителство до распуштање на Собранието како што побара еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји при вчерашната посета на Скопје

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека министерката за правда „ги минира преговорите“ за Законот за…