Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Закон за ЈО
Државниот јавен обвинител во интервју за МИА за новиот Закон за ЈО, за неговата имплементација, дали во него има „скриена амнестија“, за протестите за правда на власта и на опозицијата, итн.
СДСМ како главна партија во извршната и во законодавната власт, преку законски решенија, создаде услови за независно и професионално правосудство. Со Законот за Јавно обвинителство се оформува независен обвинителски систем преку кој се отвора пат за судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка. Со законот се создадени услови за продолжување на активностите на јавните обвинители во врска со десетина случаи кои произлегуваат од нелегалното прислушување и кои се наоѓа во фаза на истрага, рече портпаролот владеачката партија
Фактот дека Законот за јавно обвинителство продуцира правда и праведно општество е поткрепен со уште еден аргумент во прилог на тоа дека, не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30-ти јуни, 2017-та обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо
Жал ми е што вие не одговарате, додаде членот на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, во репликата кон Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во дебатата за законот за ЈО го критикуваше за собраниските настани од 27 април, забележувајќи дека СДСМ претходно ја обвиниле фирмата на Мукоски за криминал, а денес тоа не е случај
Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е, меѓу другото, триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до три часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку осум часа дебата по нашите говори, објави министерката за правда
СДСМ вади три аргументи дека нема скриена амнестија во предложениот закон за ЈО. Првиот е СМС пораката на лидерот Заев во која го известува Боки 13 дека не може да го прими на состанок и дека кривичното дело е толку сериозно што бил згрозен од доказите. Вториот е исказот на Орце Камчев на кого лично му сугерирал да го пријави случајот и третиот е предметот „Рекет 2“ во кој е обвинета и екс партиската функционерка, Фросина Ременски
Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања го темели оптимизмот врз основа на, како што рече, текот на дебатата во Комисијата за европски прашања и расположението кај пратениците
Имав збор од 80 пратеници дека ќе го поддржат и затоа законот беше пуштен. Имав збор, но тоа што се случува е вистинска драма“, вели лидерот на СДСМ
Собранието доцна синоќа ја утврди потребата за донесување на законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители по скратена постапка. Носењето на самата одлука мина во тензичка атмосфера и препукувања меѓу власта и опозицијата. Седницата првично беше закажана за 17 часот, но започна со задоцнување од околу четири часа. Владата го повлече текстот на законите поради технички грешки и по направените корекции повторно го врати во собраниска процедура. Расправата за двете предложени законски решенија се сели во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија
Заев со законот за јавно обвинителство, со кој се сака да не важат прислушуваните разговори, спроведува операција за амнестија, и тоа амнестија лично за себе и за членови на неговото семејство, амнестија за раководството на неговата партија и функционери од коалиционата влада за кои постојат сомнежи дека се силно инкриминирани во нелегални активности и, конечно, амнестија за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, поточно за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси“, рече лидерот на опозициската партија
Пратеникот на „Беса“, Фадил Зендели денеска изјави дека нема да гласа за донесување на законот за јавно обвинителство и дека тие…
Решенијата за распоредување во Министерството за внатрешни работи (МВР) кои беа донесени пред три-четири дена од техничкиот министер за внатрешни…