Published: Monday, July 9, 2018 14:37
Четири деца денеска се извлечени од пештерата во Тајланд, со што вкупниот број на спасени изнесува осум, објави Си Ен Ен повикувајќи се на очевидец кој е дел од спасувачките операции стационирани на влезот во пештерата.
Првите четири беа извлечени вчера, со што се зголемија надежите дека членовите на младинскиот фудбалски клуб и нивниот тренер кои од 23 јуни се наоѓаат на длабочина од 4 километри во пештерата Там Луанг.
Властите соопштија дека спасувачката акција за денеска е завршена и дека ќе продолжи утре.




