НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тајни документи: Србија „ќе испрати… или веќе испрати” воена помош за Украина а Британските специјалци се веќе на терен

0
By Ана Василевска on April 12, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борјан Јовановски

Тајните документи кои  му „протекоа” на Пентагон во врска со руската агресија на Украина покажуваат дека Србија и не е така неутрална во однос на војната . Во еден од документите на Пентагон се вели „Србија одби да обезбеди обука за украинските сили, но се обврза да испрати…или веќе ја испрати леталната воена помош за Украина” Во документот кој го објавува Ројтерс  исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност да и обезбеди оружје на Украина во иднина.

Документот ја носи ознаката “Tајна” , со што се забранува негова дистрибуција на странски разузнавачки служби  датирана од 2 март.

Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ и украинската амбасада одбија веднаш да одговорат на барањето на Ројтерс за коментар за овие наводи.

Пентагон, исто така, не одговори веднаш на прашањата на Ројтерс за Србија а претходно одби да коментира за кој било од објавените документи.

„Ако овој документ е точен, тој или ја покажува дволичноста на Вучиќ во однос на Русија или дека тој е под огромен притисок од Вашингтон да испорача оружје на Украина“, рече Јануш Бугајски, експерт од Фондацијата Џејмстаун-Иинститут за надворешна политика.

Докуметите на  Пентагон ги објавуваат  одговорите на барањата на Украина за помош во четири категории: земји кои се обврзаа да обезбедат обука и оружје, земји кои веќе обезбедиле обука, и оружје или и двете; земји со воена способност и политичка волја „да обезбедат идна воена обука и оружје..

Австрија и Малта се единствените две земји со „Не“ во сите четири категории.

Инаку пред еден месец беа објавени документите на прорускиот канал на глобалната апликација за пораки Телеграм кои  ја покажуваат пратката од српски производител на оружје на ракети земја-земја од 122 мм “Град” до Киев испратена во ноември. Документите вклучуваа декларација  за испорака и сертификат за краен корисник- украинската влада.

Претседателот Александар Вучиќ за време на посетата на Катар во март запрашан за коментар изјави дека Србија не извезела никакво оружје за Украина.

Инаку тајните докумети означени како „строго доверливо“, даваат и детална слика за војната во Украина, вклучувајќи чувствителни детали за подготовките на Украина за пролетна контраофанзива.

Според документот, од 23 март, Обединетото Кралство има најголем контингент специјални сили во Украина (50), а потоа следат земјите членки на  НАТО како  Летонија (17), Франција (15), САД (14) и Холандија (1). .

Во документот не се наведува каде се наоѓаат силите и што е нивната задача. прават.

Бројот на персонал може да биде мал и несомнено ќе варира. Но, специјалните сили по својата природа се многу ефикасни, особено оние со кои располага Велика Британија а кои се сметаат за едно од најдобрите во редот на воените капацитети со кои располага НАТО.

Инаку овие документи протекуваат непосредно пред пролетната офанзива на Украина која би требало да  ја смени динамиката на бојното поле и да постави услови за мировни преговори.

Сепак како што проценуваат експертите во овие документи нема ништо што укажува на насоката на планираниот  ударот на украинската контраофанзива. Се проценува дека Кремљ веќе треба да има прилично добра идеја за опсегот на подготовките на Украина. Некои воени коментатори  велат   дека сето ова е дел од планот  на Западот да ја доведе во заблуда руската командна структура.

 

Војна во Украина Вооружување Пентагон Србија Тајни документи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.