Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието на Република Македонија, потврдил Бујар Османи за „Порталб“.

Според Османи, Талат Џафери е единствениот кандидат на ДУИ и парламентарното мнозинство. Доколку Џафери го помине гласањето за избор на претседател на Собранието, кое ќе се одржи следната недела, тој ќе биде првиот албански спикер на законодавниот дом.

Новиот претседател на Собранието треба да го извести претседателот на државата Ѓорге Иванов, дека има парламентарно мнозинство, а Иванов потоа во рок од 10 дена да го додели мандат за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.