Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Талогот“ на  Мицкоски од Пелинце предизвика полемика СДСМ – ДПМНЕ

0
By Zoran Ivanov on August 3, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 3, 2026 15:03

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија остри обвинувања по говорот на премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Илинден во Пелинце.

Премиерот по повод празникот, вчера во обраќањето рече дека нема да се откаже од борбата за подобра држава и ги повика граѓаните да не паѓаат во замката на талогот на неуспеси, цинизам и омраза. Мицкоски нагласи и дека нема да прифати решенија што, според него, би биле на штета на националните интереси во процесот на евроинтеграции.

Од СДСМ коментираат дека Мицкоски во својот говор, ги нарекол „талог“ сите што не се согласуваат со неговите политики. Според партијата, премиерот наместо порака за единство на најголемиот државен празник, повторно ги поделил граѓаните и употребил реторика што, како што наведуваат, не доликува на премиер на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ наведе дека СДСМ сам се препознал во делот од говорот во кој Мицкоски зборувал за „талогот“. Од владејачката партија тврдат дека со реакцијата, опозициската партија потврдила дека се идентификува со тие квалификации и обвинија дека партијата е „во координација со надворешни агентурни центри“.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на посетата на Мицкоски на селото Ташмаруништа, наведувајќи дека едно лице се обидело да предизвика инцидент со непримерни дофрлувања, по што било легитимирано од полицијата. Според партијата, при легитимирањето лицето покажало бугарска лична карта и бугарска патна исправа.

Кон „талогот” во СДС имаме една порака, без разлика на вашите договори со странски агентури и конструкциите темелени на ужасни лаги, нема никогаш да направиме отстапки на штета на идентитетот и државата. Вие продолжете да тонете во вашето политичко мочуриште и правете заговори на јахти на штета на идентитетот и државата, а ние заедно со народот ќе продолиме да работиме за Македонија, се вели во соопштението.

Во однос на Ташмаруништа, пак, СДСМ додава дека незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски.

 

ДПМНЕ Мицкоски СДСМ талог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.