Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тантуровски не се повлекува, обвинува за политички реваншизам

2
By Нова ТВ on March 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 2, 2018 15:48

Претседателот на Државната комисија за спречување на коруцијата Игор Тантуровски вели дека не чувствува одговорност по наводите објавени во ревизорскиот извештај од УЈП во кој се открива дека антикорупционерите ненаменски  трошеле  буџетски средства преку  исплатата на плати, дневници за службени патувања, но најголеми злоупотреби се во делот на патните трошоци, односно користење приватни возила за службени цели.

Тантуровски оценува дека се прави обид да се изврши притисок врз него и работата на Коомисијата, а повикот од СДСМ да поднесат оставки или ќе бидат разрешени го смета за политички реваншизам.

Пратениците од СДСМ вчера побараа од членовите на Државната комисија за спречување на корупција  да си поднесат  оставки поради констатираните злоупотреби во ревизорскиот извештај, а доколку тоа не го направат најавија дека ќе покренат собраниска постапка за нивно отповикување.

Претседателот на комисијата за избори и именувања Хари Локвенец очекува антикорупционерите да достават вонреден извештај за нивното работење, вклучувајќи го и т.н. ревизорски извештај за внатрешна употреба преку кој јавноста целосно ќе биде запознаена со се што се случувало во таа институција.

Според порталот СДК.МК, во ревизорскиот извештај од УЈП за работењето на антикорупциската комисија,  се констатитало дека антикорупционерите си исплаќале патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози. Поднесувале три патни налози за ист ден, односно дека член на комисијата истиот ден бил во странство и на седница на комисија, стои во извештајот на ревизијата на Државната комисија за спречување на корупција.

Членовите на Антикорупциска земале пари од буџетот и по основ на поголема искажана километража, односно тие кои не живеат во Скопје покажувале повеќе километри за да стигнат до Скопје. На пример, член на комисијата за секое одење на релација Гостивар-Скопје-Гостивар прикажувал 16 километри повеќе во еден правец.

Покрај овие нерегуларности во ревизорскиот извештај како ненаменско трошење на буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување на стан.

По барање на член на антикорупциска, ДКСК носи одлука за исплата на надоместок за стан во износ од 350 евра месечно, односно 250 евра за изнајмување на стан и 100 евра за трошоци.

Членот на Антикорупциска доставил договор за закуп во кој стои дека закупнината изнесува 6.000 денари а за оваа намена му се исплаќани по 250 евра за еден месец.

„Од причина што закупот според договорот изнесува 6.000 денари или 97.5 евра произлегува дека разликата од утврдениот надоместок со одлука на ДКСК и реално направениот расход за закуп претставуваат ненаменски потрошени средства. Со увид во приложената документација се констатира дека исплатата по основ на трошоци за закупнина не е реална, односно по тој основ исплатен е поголем износ од 168.818 денари и истите претставуваат ненаменски потрошени средства“, стои во извештајот на ревизорите од УЈП.

 

ДКСК ненаменско трошење оставки Тантуровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.