Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставки или антикорупционерите ќе бидат разрешени

1
By Нова ТВ on March 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 1, 2018 14:17

Пратениците од парламентарното мнозинство бараат оставки од членовите на антикорупциската комисија, по скандалозниот извештај на УЈП, во кој се открива дека антикорупционерите ненаменски  трошеле  буџетски средства преку  исплатата на плати, дневници за службени патувања, но најголеми злоупотреби се во делот на патните трошоци, односно користење приватни возила за службени цели. Доколку не поднесат оставки, парламентарното мнозинство ќе покрене постапка за нивно разрешување. .

,, Членовите на ДКСК веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја извршуваат оваа фунција ниту еден ден повеќе. Од тие причини доколку членовите на Антикорупциска не поднесат неотповиклива и итна оставка, Собранието како орган надлежен за избор на членовите на оваа комисија ќе покрене постапка за нивно разрешување, изјави потпретседателката на Собранието и пратеник од СДСМ Фросина Ташевска Ременски.

За ненаменското трошење на буџетските пари во Антикорупциската, предмет отвори основното јавно обвинителство Скопје.

,,По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции, велат од обвинителството.

Во ревизорскиот извештај од УЈП за работењето на антикорупциската комисија,  како што објави порталот „Сакам да кажам“, антикорупционерите си исплаќале патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози. Поднесувале три патни налози за ист ден, односно дека член на комисијата истиот ден бил во странство и на седница на комисија, стои во извештајот на ревизијата на Државната комисија за спречување на корупција.

Ревизијата се однесува на составот на Комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои се на оваа функција од април 2015.

До 2015, на членовите на Антикорупциската комисија не им се исплаќале патни трошоци затоа што надоместок за вработени лица е укинат во 2009 со воведување бруто плата. Еден член на Комисијата се обратил со барање  до Комисијата за избори и именувања кога претседател бил Илија Димовски, барајќи да им бидат одобрени патни трошоци според Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица. Комисијата на чело со Димовски одлучила дека на антикорупционерите им следуваат патни трошоци, по што ДКСК веднаш им исплатила околу 5.000 евра (330.226 денари) за ретроактивни трошоци.

Членовите на Антикорупциска земале пари од буџетот и по основ на поголема искажана километража, односно тие кои не живеат во Скопје покажувале повеќе километри за да стигнат до Скопје. На пример, член на комисијата за секое одење на релација Гостивар-Скопје-Гостивар прикажувал 16 километри повеќе во еден правец.

Покрај овие нерегуларности во ревизорскиот извештај како ненаменско трошење на буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување на стан. По барање на член на антикорупциска за закупнина на стан, ДКСК носи одлука за исплата на надоместок за стан во износ од 350 евра месечно, односно 250 евра за изнајмување на стан и 100 евра за трошоци. Членот на Антикорупциска доставил договор за закуп во кој стои дека закупнината изнесува 6.000 денари, а за оваа намена и натаму му се исплаќани по 250 евра за еден месец.

„Од причина што закупот според договорот изнесува 6.000 денари или 97.5 евра произлегува дека разликата од утврдениот надоместок со одлука на ДКСК и реално направениот расход за закуп претставуваат ненаменски потрошени средства. Со увид во приложената документација се констатира дека исплатата по основ на трошоци за закупнина не е реална, односно по тој основ исплатен е поголем износ од 168.818 денари и истите претставуваат ненаменски потрошени средства“, стои во извештајот на ревизорите од УЈП.

Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски денеска не одговораше на повиците од Нова.

Поради исплати на бонуси и дополнителни  плати, членовите на Државната изборна комисија, пред три месеци си поднесоа оставки. Според пресметките, секој член на ДИК, добил по повеќе од 10 000 евра. Одлуката  да си доделат бонуси ја изгласаа на тајна седница. Дел од нив, ги донираа овие пари.

Антикорупциска комисија буџетски пари Дик ненаменско трошење обвинителство оставки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.