Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата

0
By Marija Todorovska on May 12, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера на отворањето на изборниот штаб за локалните избори во Врапчиште најави дека партиските органи ќе одлучат за излегувањето од владината коалиција и оти конечната одлука ќе биде соопштена наредниве два дена. Најави дека ќе разговара лично со  премиерот Христијан Мицкоски за јасно и точно да му каже за одлуката.

Во коалицијата, оцени Таравари, „не добиле поддршка за промените кои Албанците ги барале и очекувале“.

Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт, рече Таравари.

Тој дополни дека „не сака да бидат марионети во Влада и членовите и активистите на нивната партија да мислат дека не се грижат за нивните интереси“.

Таравари, коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски,  оцени дека премиерот изминатиот период бил под голем притисок и оти му е жал што станал жртва на некои „уверувања“.

Во изјава за ТВ 21 тој посочи дека лично ќе разговара со Мицкоски за да му ги објасни подобро работите околу одлуката на неговото крило на Алијанса за настап на локалните избори во октомври со самостојни листи на советници.

Премиерот Мицкоски во последно време беше и е под голем притисок поради неколку работи и жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на овие ‘уверувања’. Единствената вистина е дека ние како партија одлучивме да излеземе со посебни листи на советници на локалните избори. Оваа одлука не беше добро примена од страна на албанската група во владата и тие покренаа илјада алибија. Ние повеќе не сакаме да бидеме дел од оваа клима на гласини и заговори што е создадена. Овие политичари Албанци што се во владата, за жал, не можат да се променат, тие се потомци на стариот политички менталитет. Сепак, ќе разговарам лично со г. Мицкоски за јасно и точно да му кажам за нашата одлука, вели Таравари.

Мицкоски вчера оцени дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти и нјави дека неделава се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Таравари, на која ќе биде сумирано се што е направено.

Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела, на која ќе сумираме што е тоа што е направено. Јас можам да му посакам пред се добро здравје, тоа е она кое на сите нас ни е најважно, изјави Мицкоски по увидот во градежни активности на детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба, одговорајќи на новинарско прашање.

 

Алијанса за Албанците Влада Мицкоски Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.