Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Не би сакал да верувам дека пожарот во Русино е дело на некој партиски пироман

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 15:10

Политичките опоненти од ДУИ и Алијанса за Албанците си ја префрлаат одговорноста за појавата на пожар на депонијата Русино. На новинарски прашања дека изминативе два дена има непријатна миризба и чад кој доаѓа од јужниот дел на општина. Двете страни изразија сомнеж дека причините се политички мотивирани.

Градоначалникот Арбен Таравари прашан за актуелната состојба во регионалната депонија изрази сомнеж дека тоа е дело на човечка рака. Тој бил информиран дека по дојавата на граѓани, пожарникарите утрово интервенирале на депонијата Русино и спречиле поголеми последици.

– Не би сакал да верувам дека ова е дело на некој партиски пироман и на ваков начин да го загрозува здравјето на своите сограѓани. Сомнително е што таму беше мирно и во најголемите жештини и немаше ниту самозапалување. А сега на еден месец пред кампања на ваков начин се актуализира овој проблем. Доколку на камерите кои се поставени се појави лице кое тоа го прави, ние ќе го пријавиме до надлежните, рече Таравари.

На прашање до министрите за екологија и економија Насер Нуредини и Крешник Бектеши кои денес промовира инвестиција во Гостивар, за коментар околу искажаните сомнежи на првиот човек на општина Гостивар. Двајцата, за состојбата во депонијата Русино одговорноста ја посочија кон локалната власт.

– Воопшто не во ред тоа што се случува таму и подметнувањето на пожар е за секаква осуда. Обврските и управувањето со депонијата Русино се на локалната власт. Ние помагаме и имаме проект вреден над 18 милиони евра и наскоро ќе почне неговата реализација. Сега одговорноста за управување со депонијата е на локалната самоуправа, рече Нуредини.

Министерот за економија Крешник Бектеши дополни дека не ги знае мотивите, но потенцира дека изјавата на Таравари е дефокусирање на јавноста од проектите кои државата ги реализира во гостиварскиот регион.

Од локалниот огранокот на ДУИ јавно поставија прашање, дали компанијата задолжена за обезбедување ја исполнува обврската за која плаќа со пари од касата на општината.

депонија ДУИ Русино Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.