Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата. Мислам дека треба, но ако тој смета дека не треба, ние немаме никаков проблем. Сепак, да бидеме рационални и да не брзаме, изјави Арбен Таравари прашан дали неговата партија ќе ја напушти Владата со евентуално излегување од коалицијата Вреди (Влен).

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Куманово денеска, министерот за здравство и лидер на крило на АА рече дека „не мора да значи“ напуштање на Владата ако неговата партија излезе од Вреди затоа што, рече, „владата ја прави премиерот“.

Сум разговарал со премиерот и повторно ќе разговараме. Доколку тој смета дека Алијанса за Албанците не треба, ние немаме никаков проблем. Меѓутоа мислам дека АА во моментот треба. Но, ако донесат таква одлука, немаме никаков проблем. Не може никој друг да каже освен тој што формира Влада. Ќе видиме во следните денови, да не брзаме, треба да бидеме што порационални во овој период, изјави Таравари.

Смета дека во партиите партнери во коалицијата Вреди има емотивни реакции по неговата одлука АА на Локалните избори да има свои советнички листи. Како што рече, доколку тие се одлучни во тоа што го изјавуваат деновиве, неговата политичка партија ќе ги разгледа опциите за свои кандидати за градоначалници.

Одлучил АА да има сопствени советнички листи, како што рече,  „исто како што одлучи и ЗНАМ да излезе со сопствени советнички листи, меѓутоа да има меѓусебна политичка поддршка со ВМРО-ДПМНЕ“.

Исто и ние му понудивме на Влен – ние излегуваме со наши советнички листи, доколку се подготвени, тука сме. Јас гледам емотивни реакции од тоа што остана во Влен. Овој период треба да бидеме многу внимателни, многу умни и да се обидеме да бидеме што порационални бидејќи се работи за политика. Во овој период не сакам да давам прогнози или да предвидувам, гледам што пооправдано да донесуваме одлуки. На крајот на краиштата, доколку Влен се одлучни во тоа што го кажуваат во овие четири-пет дена, ние како политичка партија ќе ги видиме нашите опции за нашите кандидати за градоначалници, изјави Таравари.

Алијанса за Албанците Влада ВЛЕН премиер Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.