Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тарифа: Обвинетите се изјаснија за невини, СЈО бара да бидат осудени

0
By Нова ТВ on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Тарифа“, кое со новиот распоред на судења и е доделено на судијката Софче Гаврилова Ефремова, обвинителите повторно го прочитаа воведниот говор од претходното рочиште одржано на 19 декември минатата година.

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов рече дека според доказите ќе докажат дека тројцата обвинети се сторители на кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Злоупотребата на службената положба не е наивно кривично дело и не може да биде толерирано, рече Пеливанов и додаде дека очекува Судот да донесе осудителна пресуда.

Обвинетите, како што истакна Пеливанов, ја злоупотребиле службената положба за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на АД ЕЛЕМ со што и причиниле имотна штета на компанијата од 456.560 евра.

Обвинетите Дејан Бошковски, Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски на денешното рочиште се изјаснија дека не се виновни.

– За делото кое што ми се става на товар, не се чувствувам виновен. Во ниеден момент од своето работење во АД ЕЛЕМ  од октомври 2012 до септември 2016 година не сум ги прекршил законите на РМ, рече Бошковски.

Тој во своето обраќање до Судот, рече дека верува оти ќе овозможи фер судење, бидејќи непрецизно и нејасно е зошто е обвинет.

Денешното рочиште се снима со камера.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластувањето при јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Тие му овозможиле на конзорциумот, кој подоцна го добил тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немал доставено комплетна документација.

ЕЛЕМ СЈО судење тарифа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.