Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тарифата намалена од 1.000 на 300 евра – извршителите утре на штрајк

0
By Нова ТВ on December 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот тарифник за извршителите што го предлага Министерството за правда, а треба да се најде на дневен ред на владина седница в петок, предвидува наградата да не биде поголема од 300 евра наместо досегашните 1.000 евра. Исто така, од ресорното Министерство предлагаат и да има репрограмирање на долговите на граѓаните, отпис на каматите и да се намали извршувањето врз приходите од една третина на една петина. Инаку, извршителите остро негодуваат на овој предлог и се закануваат дека утре излегуваат на штрајк, бидејќи нивната работа нема да била исплатлива и се закануваат дека ќе ги затворат канцелариите.

Според нив, за прв пат по 13 години под клуч ќе бидат извршителските канцеларии. Одлуката била донесена на вонредно Собрание на Комората, што наиде на остра осуда од граѓаните. Извршителите, пак, велат дека мораат да го искажат револтот и незадоволството од новиот Тарифник кој им го предложила министерката за правда, Рената Дескоска.

Најмногу негодуваат за тоа што со него им се намалува максималната награда од 1.000 на 300 евра, што може да ја наплатат при извршување од сметките на граѓаните.

„Доколку Министерството за правда пристапи кон измена на Тарифата како што е предложено, без позитивно мислење од Собранието на Комората на извршители, извршителите трајно ќе прекинат со работа сметано од денот на објавата на изменетата Тарифа во Службен весник“, стои во одлуката на Комората на извршители.

Притисокот да се постигне правичност во извршувањето интензивно почна пред две години кога здруженијата на граѓани и борци за социјална правда, јавно се спротивставија на Комората на извршителите, пријавувајќи случаи во кои се гледаат астрономските разлики во основицата на долгот и каматите што ги плаќале граѓаните. Неодамна Комората на извршители на прес-конференција најави отворен ден со граѓаните за наводно да имаат увид во случаите и да им помогнат на граѓаните да ги отплатат долговите.

Граѓанските организации неодамна побараа од Владата запирање на присилна наплата, ревизија на работата на извршители, нотари и доверители, враќање на работата на извршителите во судовите, како и утврдување на реален и нереален долг. Неформалната организација „Стоп за извршителите“ на протестот минатата недела повика да се прекине со блокирање на сметките што го оцени како незаконски, противуставно и спротивно на Декларацијата за човекови права, а побара и ветинг за извршителите.

извршители комора награди Тарифник штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.