Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тасева: Обвинителството да го испита незаконскиот стечај на ФЕНИ

0
By Нова ТВ on May 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија Слаѓана Тасева ги повика Јавното обвинителство, Финансиската полиција, Судскиот совет да ги испитаат сите незаконитости во постапката за стечај во Фени Индустри,  а од стечајната судијка побара да го отфрли Планот за реорганизација на стечајниот должник како нанавремено доставен.

Планот за реорганизација доставен од фондот регистриран на Бахамите – Глобал Спешал Опортјунитис ЛТД, бил поднесен  до Основниот суд Велес 73 дена по одржувањето на Извештајното собрание односно 12 дена по утврдениот рок за поднесување на Планот. Поради ова, стечајниот судија требало да го отфрли Планот поради формална повреда на Законот за стечај. Истиот ден, кога бил поднесен Планот до Основниот суд, одборот на доверители во состав Глобал Спешал Опортјунитис ЛТД, Цементарница Усје, Тав Македонија, Раде Кончар дале позитивно мислење за Планот за реорганизација, освен директорката на УЈП која гласала против.

„Во овој случај, не само што постои привилегиран сукцесор доверител кој инаку е фонд кој во моментов го има Фени под рента, туку со планот се предвидува и една цела група на доверители да не биде надоместена“ рече Тасева.

Претседателката на Транспаренси вели дека во приватизацијата на Фени, станува збор за проблем што е многу поголем од Скопје 2014 и по обем и пари и по штета за Република Македонија.

„ Затоа укажуваме денеска да се обрне внимание, затоа што утре ќе биде доцна. Очекувам, ако вака остане состојбата, дека Фени нема да трае подолго од септември или декември оваа година. Тие вработени ќе останат на улица. Овој гигант ќе биде прогласен за нерентабилен и Република Македонија ќе го изгуби Фени“ рече Тасева.

Таа ја коментираше и изјавата на вицепремиерот Анѓушев кој кажа дека Транспаренси треба да утврди како биле направени милионските долгови во Фени кои доведоа до стечај на комбинатот.

„ Тоа нека го утврдат институциите кои ги контролираат оние кои денеска се на власт. Наша работа е да ја следиме работата на оваа влада. Тоа никогаш не и се допаѓало на ниту една влада. Наше е и денеска да не се краде, рече Тасева.

За продажбата на Фени,  Транспаренси поднесе  кривични пријави против стечајниот управител и стечајната судијка за злоупотреба на својата положба затоа што  не го стопирале потпишувањето на договорот со фондот од Бахамите на кој наместо потпис од физичко лице,  бил наведен само број на пасош од странска земја. Освен што се крие сопственикот, од  Трансапаренси велат дека  дека договорот е „нерамноправен“ и со него се овозможува значителна имотна корист на фирмата со оглед на високата цена на никелот на светските берзи и користење на резервите на руда од комбинатот.

стечај Тасева Транспаретност Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.