Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Техничката влада на последната седница на дневен ред имала 160 точки

0
By Нова ТВ on March 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 160 точки биле ставени на разгледување за време на седницата која техничката влада ја одржа во вторникот. Освен прашањата од технички карактер, дел од точките кои извршната власт ги разгледала имале и политичка содржина, објави АлсатМ.

Поранешниот министер Ненад Новковски вели дека актуелната влада нема надлежност да носи политички одлуки.

„Владата што сега е во функција практично нема никаков мандат, дури не е ни техничка влада. Таа треба само да извршува секојдневни обврски, технички, и да ги заврши сите почнати активности до крај, за да функционира системот на државата нормално“, изјави Новковски.

Од Владата тврдат дека при донесувањето на одлуките се почитуваат сите законски процедури за функционирање на извршната власт и објаснуваат дека доколку има потреба, мислење за одлуките кои ги донесуваат, бараат и од Антикорупциската комисија.

Во владата се уште и ДУИ, партија која му ги даде потписите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да формира парламентарно мнозинство и нова влада. Ваквата постапка на партијата на Ахмети, според аналитичарот Арсим Синани, не помага во решавање на кризата.

Од  ДУИ не веруваат дека повлекувањето на министрите од ДУИ би придонело да се надмине состојбата и да се формира нова влада. Според нив институциите треба да функционираат се до изборот на новата влада.

Техничката влада за спроведување на изборите беше формирана на почетокот на 2016 година. Таа имаше само тримесечен мандат, но и понатаму работи бидејќи сè уште не е избрана новата влада.

Влада Ненад Новковски седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.