Кинеските граѓани користат апликации за заобиколување на квартовите во кои е присутен коронавирусот. Компаниите QuantUrban и WeChat дизајнирале платформи кои ги преземаат официјалните информации за местата со потврдени случаи на болеста и ги претвораат во мапи што е од корист на корисниците за избегнување на тие места.
Мапите на QuantUrbana, кои можат да се отворат во интернет пребарувачите, опфаќаат уште девет градови во покраината.
„Шенжен би можел да има поголема епидемија во следните неколку дена, а податоците од Владата слабо се објавуваат. Погледот на мапата дава психолошко олеснување. Не можете да знаете дали ќе има нови случаи, но можете да ја избегнете областа што веќе е погодена“, вели Ејприл, менаџерка од Шенжен, кој одби да говори со име и презиме.

Двете платформи се потпираат на работа на волонтери, кои секојдневно ги ажурираат информациите за коронавирусот.
Над 20.000 заразени од коронаворусот, во Кина веќе починаа 425 лица
Кинеските здравствени власти ги објавија најновите податоци за бројот на заразени и починати од коронавирусот од градот Вухан, според кои во последните 24 часа се откриени 3.235 нови случаи, пишуваат француските медиуми. Со нив, вкупниот број на заразени веќе достигна 20.400 лица.

Во истовреме се потврдени уште 64 смртни случаи, сите од најсилно зафатената провинција Хубеи, каде досега починаа 414 лица. Со тоа вкупниот број на починати во Кина се зголеми на речиси 425 лица.
Првата голема кинеска авио-компанија ги суспендира летовите за САД
„Чајна Истерн“ (China Eastern) е првата голема кинеска авио-компанија која ги суспендира летовите кон и од САД како последица на корона-вирусот. До 10 февруари „под мраз“ ќе бидат релациите Шангај-Лос Анџелес и Шангај-Њујорк, пренесе „Си-Ен-Ен“, но и за Сан Франциско, за Чикаго и за Хонолулу.

„Си-Ен-Ен“ наведува дека на сајтот на „Чајна Истерн“ не е можно да се резервира лет за САД до 29 март.
Големите интернационални авио-компании, како „Ер Канада“, „Американ Ерлајнс“, „ Бритиш Ервејз“, „Делта“, „Луфтханза“ и „Катар Ервејз“ веќе ги суспендираа сите летови за и од континентална Кина се до крајот на февруари.
Кина призна пропусти во реакцијата на ширењето на коронавирусот
Кинеското раководство призна „пропусти и недостатоци“ во реакцијата на државата на ширењето на смртоносниот корона-вирус.
Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, со кој претседава шефот на партијата, Си Џинпинг, соопшти дека мора да се подобри системот за реакција во кризни ситуации, но и укажа на неопходноста за засилување на капацитетите во решавање на ургентните и опасни задачи.

Комитетот, исто така, соопшти дека мораат да се извлечат поуки од, како што се наведе, „големиот тест“ за кинескиот систем, објави агенцијата „Ксинхуа“. Со одлука на Политбирото, наложена е забрана за илегална трговија со диви животни, како и засилен надзор врз пазарите.
Вухан, жариштето на епидемијата, останува „главен приоритет“ и таму ќе биде испратен дополнителен медицински персонал. Од Постојаниот комитет на Политбирото се додава дека функционерите треба да ја преземат целосната одговорност во превенција на епидемијата, а тие што нема да го сторат тоа да бидат казнети.
Прва жртва на корона-вирусот во Хонг Конг
Хонг Конг ја регистрира првата жртва на корона-вирусот на своја територија, наведуваат британските медиуми, што претставува втор случај со фатални последици надвор од границите на континентална Кина. Мажот што починал имал и друго заболување, сооопшти локалната телевизија ТВБ.

Во Хонг Конг досега има 15 потврдени случаи на коронавирус. Починатиот маж се заразил во кинескиот град Вухан, каде бил во посета.
Неговата смрт доаѓа во момент на штрајк на стотици медицински работници во Хонг Конг кои од властите бараат целосно блокирање на пристапот на луѓе од континентална Кина.