Заменик командант во СВР Скопје спречил свој колега во обид да фати еден од насилниците кои ја нападнаа екипата на А1он минатиот петок на протестот на иницијатива „За Заедничка Македонија“, објави телевизијата „Телма“. Додека еден од полицајците се пуштил по насилниците, заменик командантатот го застанал и му наредил да прекине потерата и да се врати кај повредените.
Настанот го потврдила и полицијата, а полицаецот изготвил и службена белешка. Од МВР се уште кажале како оди со расветлувањето на случајот, а нема одговор и дали помеѓу 12те повикани на разговор во полицијата во врска со нападот е и министерот Кирил Миновски.