Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер си закажаа меѓусебен судир за финале на Австралија опен. Српскиот тенисер во полуфиналето во Мелбурн го совлада Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ со 6:4, 6:3 и 7:6 за нешто помалку од три часа игра. Швајцарецот, пак, спаси седум меч топки и успеа, со пресврт, да го елиминира Тенис Сандгрен од САД со 6:3, 2:6, 2:6, 7:6, 6:3.
Претстојното полуфинале на Австралија опен ќе биде седмо за Ѓоковиќ кој славеше во сите претходно шест. Воедно, ова ќе биде 50. пресметка меѓу Ѓоковиќ и Федерер. Досегашниот биланс е 26:23 за Србинот.