Партијата на актуелниот претседател на Јужна Африка, Џејкоб Зума, му даде ултиматум до крајот на денот да се повлече од функцијата.

Како што пренесуваат медиумите во светот, специјалната единица на Јужна Африка денеска извршила претрес во домот на фамилија која се поврзува со Зума, како една од највлијателните во државата.

Тројца луѓе биле уапсени како дел од истрагата која се води за богатото семејство Гуптас, кои се обвинети дека преку Зума успеале буквално да ја поседуваат државата со економско и политичко влијание.

За сега и Зума и Гуптас ги отфрлаат обвинувањата.

Кои се моќниците Гуптас?

Оваа фамилија од индиско потекло има широки крупни бизниси во Јужна Африка, од технологија, рудници, авиокомпании, медиуми и слично.

Тројцата браќа Атул, Раџеш и Аџај се преселиле во Јужна Африка во 1993 годин од Индија. Тие важат за блиски пријатели на синот и ќерката на Зума.

Според јужноафриканските критичари, ова семејство буквално ја држело државата во своите канџи, а така успеале да ги прошират своите бизниси.