Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теолог за пренамената на Света Софија во џамија: Демонстрација на моќ на Ердоган

0
By Нова ТВ on July 12, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аја Софија повторно ќе биде џамија. Така одлучи Врховниот управен суд на Турција, со што е поништена одлуката на основачот на модерната држава, Кемал Ататурк, кој овој храм во 1934 година го направи музеј. Раскошната градба во Истанбул цели девет века беше централна византиска црква, сè до падот на Цариград во 1453 година, кога во периодот на Османслиското царство беше џамија.

„Сегашната одлука на судот нема врска со религиозни прашања. Оваа одлука е продолжување на политиката на провокации што турскиот претседател Ердоган ја следи во последните години“, вели Константин Николакопулос, професор по православна теологија, за „Дојче Веле“.

Тој е свесен дека пренамената на Света Софија ќе ги погоди сите христијани, особено православните.

„Ова е всушност насочено против целиот западен свет. Тоа е демонстрација на моќ. Ердоган сака да покаже дека Турција е велесила и оти не се плаши од никого. Секако дека во мотивите спаѓаат и национализмот и фундаменталниот исламизам“, вели Николакопулос, кој предава на минхенскиот Универзитет Лудвиг Максимилијан.

Професорот вели дека протестот однадвор, на пример од Франција и од Русија, дошол предоцна и бил премногу благ.

„А Германија избегна да заземе јасна позиција. УНЕСКО дури во четвртокот објави соопштение во кое од Ердоган бара, а ја би рекол дека го моли, да не го прави тоа. Притоа сите знаеjа уште од 2 јули кога судот објави дека турскиот претседател со едноставен потпис може ја претвори Аја Софија во џамија“, додава Николакопулос.

Тој верува оти Света Софија навистина ќе биде користена како џамија и дека УНЕСКО и некои држави можеби ќе можат да договорат во одредени денови во неделата и натаму да биде отворена како музеј.

„Света Софија“ Константин Николакопулос Реџеп Таип Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.