Џабир Дерала: Живееме во општество во кое различноста е причина за страв, сегрегација, дискриминација, неправда, омраза, насилство… Така што, колку и да му звучи ова некому патетично, животот ме поттикна да размислувам, да пишувам и да дејствувам против неправдите и дискриминацијата, против кршењето на човековите права и слободи. И не само во доменот на етничките и верските прашања, јас сум атеист и космополит, туку и во областа на социјалната правда, соочувањето со минатото, ненасилното надминување на конфликтите и демократскиот плурализам, а уште во средно училиште ја осознав вредноста на слободата на изразувањето. Линк
Фатмир Битиќи: Во социјалната сфера, како социјалдемократ за мене најболно е тоа што државата повеќе не е сојузник на ранливите и на работниците. Социјалниот дијалог е парализиран, синдикатите се игнорирани, трипартитниот модел на дијалог за унапредување на правата на работниците е напуштен. Темата за зголемување на минималната плата институционално не се дискутира и се бега од одговорноста – како од Владата да не знаат дека за поголемиот број на приматели на минимална плата тие се работодавачи. Имаме молк, кој оди во прилог на бизнис интересите. Линк
Мерсел Биљали: Македонија се врзува за Вучиќ, Додик, Орбан и Фицо, сите проруски експоненти. Во тоа друштво Македонија може да служи само како печење во нивната маса. Многу лесно може да исчезна државата со таков ум и никому да не биде грижа. Па гледајте 45 милиони Курди и 70 милион Балужи немаат држава, а ние се занесуваме како да цел свет се врти околу нас. „Новото нормално“ можно е ненормално многу да не чини! Прв пат во последниве 300 години слушам или читам како „додека јас сум … ни сантим нема да се повлечам назад. Тажно е тоа да го каже дури некој со потросечен ум, а екстремно е тажно кога тоа го вели шефот на владата. Тоа може многу да не чини при вакви турбиленции. Линк
Каја Шукова: СДСМ секогаш ги носело најбитните одлуки за државата. Последната беше влез на Македонија во НАТО алијансата. Во тие процеси нејзини политичари ги жртвувале и своите политички кариери, а партијата својот рејтинг. Земајќи во предвид какви се во моментов политичките состојби во Македонија, пред се владеењето на ВМРО -ДПМНЕ кое се карактеризира со сериозни недостатоци и негативни појави, особено на патот кон ЕУ и економската стабилност на државата, апелирам уште еднаш до нашите членови да се обединат, да ја вратат довербата преку темелни и искрени промени, и повторно да покажеме дека СДСМ е државотворна партија, чиј интерес се граѓаните и развојот на државата. Линк
Африм Гаши: Не сум во трка за опстанок, бидејќи не влегов во политиката за да бидам прв, ниту во партија, ниту во институција, ниту во државата. Влегов за да придонесам во одбраната на принципите, вредностите, верувањата и начелата во кои верувам и кои длабоко ги чувствувам. Ниту позицијата што ја имам денес како претседател на Собранието не претставува врв на мојата кариера или исполнување на некакви лични амбиции. Тоа е така затоа што моите амбиции никогаш не се насочени кон функции, туку кон промена со чесност. Нема поважна трка од онаа за стекнување доверба кај граѓаните. Ја преживеав оваа трка неколку пати и сега сум посветен на исполнување на моите обврски и на донесување на промената што отсекогаш ја барав. Линк
Емилија Целакоска: МОН постојано стихијно нешто „решава” без консултација со кадарот во текот на изработката на законите, концептите или постапките со учебниците, повеќе изгледа како да се мешаат непоканети, отколку што нешто спроведуваат, водат или владеат. Линк
Даниела Николова: Хуманистичките и уметничките дисциплини играат клучна улога во развивањето на критичко размислување, етичка свест, културна писменост и емоционална интелигенција. Со нивното маргинализирање, полека се отвара можност младите да ја изгубат врска со сопствениот културен идентитет и вредности. Ова може да доведе до генерации со слабо развиена критичка мисла и културна самосвест. Линк
Жанета Ќосе: Во пракса се гледа дека образованието не е приоритет во буџетот, ниту во стратегиското планирање. Јасна, долгорочна стратегија е тешко да се идентификува, зашто има фрагментирани проекти, често сменети министри и недостаток на институционален континуитет. Недостасува вклученост на наставниците, родителите и учениците во креирањето на политиките, а визијата ретко се темели на истражувања и докази. Линк
Марина Тунева: Медиумската слобода кај нас може да се спореди со кислород на голема надморска височина. Формално присутна, но премалку концентрирана за здив со полни гради. Не станува збор толку за забрани, колку што се присутни одредени, постојани, форми на притисок: економска зависност, неформално влијание, култура на автоцензура и нормализирање на стравот. Линк
Сеад Ризвановиќ: Ова создава одреден предизвик за НАТО. Алијансата се соочува со внатрешна сложеност: Хрватска и Албанија се силни проамерикански играчи, додека Унгарија, под водство на Виктор Орбан, води посамостојна, често проруска политика. Иако не станува збор за директна криза, ваквите спротивставени ставови внатре во НАТО го отежнуваат креирањето на единствена стратегија за Балканот. Алијансата ќе мора вешто да балансира меѓу интересите на различните членки. Линк
Дејан Андоновиќ: Балканот историски и современо е полн со антагонизми и територијални претензии. Србија и делови од сегашна Хрватска, Банија Кордун, Лика, дел од Славонија, Барања, Книн и т.н. ги смета за историски српски територии. Хрватска пак, смета дел од Војводина до Земун како дел од Хрватска. Унгарија смета дека, како резултат на Австроунгарското царство, Риека е унгарско пристаниште на Јадранот. Да не споменуваме делови од Босна и Херцеговина , Црна Гора и Косово. Сето ова добра подлога за конфликти. Она што особено е опасно е враќањето на идејата за задолжителен воен рок на Балканот инпсириран од воените рокови во Европа. Ако во деведесетите беше укината задолжителната воена служба, таа сега се враќа. Сето ова можеби е резултат на најавите дека е можно распаѓање на актуелните воени сојузи и потреба да се формираат нови. Линк
Мирче Јовановски: Изненадувањето со царините е непријатно без оглед на патувањето на Премиерот во САД. Во САД, во билатерални посети беа и францускиот претседател, британскиот премиер… но и нивните земји не куртулија од царините на претседателот Трамп. Поважно е да се дојде до одговор зошто толку висока стапка, мислам дека на тоа прашање треба да се ангажира и Владата, и бизнисмените, и да се расчисти разликата во податоците за дефицитот, (што доведе во волку висока стапка) меѓу македонската царина и американските институции. Линк