Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени во напад на екстремисти од „Ел Шабаб“ во хотел во Могадишу. Престрелката во главниот град на Сомалија траеше четири часа и заврши со ликвидација на сите напаѓачи.

Телевизијата „Ал Џезира“ јави дека во нападот загинале најмалку 17 лица, додека „Си-Ен-Ен“ објави за десет жртви.

„Сомалиските специјални сили ја завршија четиричасовната опсада на хотел во Могадишу, откако ги убија сите напаѓачи“, објави владиниот портпарол на Твитер.

Меѓу жртвите се напаѓачи, двајца владини службеници, еден војник, тројца членови на хотелското обезбедување, четворица цивили, итн. Болнички извори излегоа со информација за десетици луѓе кои се повредени и хоспитализирани по нападот.