Претседателот на Република Српска Милорад Додик му станува сериозна конкуренција на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Но не како политичар, туку како пејач.

Најновиот „настап“ Додиќ го имаше неодамна на свадбата на помошникот министер за финансии Далибор Томаш, во Калашинци.

За оваа „пригода“ претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина испеал неколку песни.

Дачиќ, пак, последниот свој настап го имаше на свечената вечера по повод посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кога му ја испеа „Осман ага“.