Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетово: Има почит меѓу религиските заедници, но треба поголема меѓусебна соработка

0
By Нова ТВ on February 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2020 08:39

Почит меѓу населението кое живее во Тетово, а припаѓа на различна религиска припадност, има, но потребна е нивна поголема соработка и комуникација, е заклучокот на претставници на трите верски заедници во градот – православната, исламската и бекташиската. Своите ставови околу граѓанскиот концепт и соживотот во Тетово ги изнесоа во документарниот филм „Мие у Тетово“, кој беше презентиран пред тетовската публика.

Свештеникот Александар Стојановски од Македонската православна црква Тетовско Архирејско намесништво, преку филмот, упати порака дека генерално не постојат проблеми меѓу луѓето кои припаѓаат на различни верски заедници. Има почит, но недостасуваат повеќе средби и дружења, посебно меѓу верските заедници.

„Сепак, не постојат проблеми во функционирањето меѓу различните етнички заедници, заради тоа што отсекогаш биле во прашање општочовечките вредности. Ние сме излагале меѓусебно во пресрет. Постои една почит меѓу нас и си одиме на празници. Ако тргнеме од нашето Евангелие, тоа вели дека секогаш треба да ја почитуваме слободата. Почит имаме кон Исламската верска заедница и обратно, но нема некои поактивни дружења со оваа заедница. Кога невладините организации прават некои настани, тогаш сме заедно, ама нема некоја поактивна комуникација. Ние, на пример, бевме еднаш заедно со Исламската верска заедница, кога „Антикоцкање“ организираа протести против злото коцкање. Зближувања меѓу религиите треба да има кога имаме заеднички интереси, како што е борбата против сите зла на денешницата, како борба против коцката, против проституција, разни зависности. Така да треба заедно да ја зачуваме етиката“, вели свештеникот Александар Стојановски.

И од Бекташиската заедница, велат дека различните етнички заедници во Тетово се судени да живеат заедно. Населението тука мора да живее како едно и меѓусебната кохезија и повеќе не треба да биде догма.  

 

„Ние имаме слави, си одиме едни кај други и ова е како еден мозаик, како во една градина каде има различни цвеќиња, а всушност сите се цвеќиња, сите сме луѓе и затоа треба да се поддржуваме и да се сакаме. Се гледа дека во реалноста и не е така сјајно, се гледа дека има некои проблеми, ама од некаде треба да се почне. Причината можеби за некои проблеми кои ги имаме на меѓуетнички план се економските состојби, можеби воениот конфликт во 2001 година. Во самата Бекташиска заедница на пример се гледа дека има соживот, има Македонци православни кои се интересираат за нашата вера, па потоа тие православни Македонци ни носат странци, кои го разгледуваат нашиот комплекс во „Арабати Баба Теќе“. Им предавам за бекташизмот за исламот и слично. Но, пак ќе потенцирам дека овде морам да кажам дека нема многу соживот. На пример, од Албанија една жена дојде кај нас тука и ни рече јас сум припадник на Бекташиска заедница, а мојот сопруг е православен. Но, како што ни кажа јас постам според законот на Бекташиската заедница, и тука вели немаме проблеми и секој си ја почитува својата вера“, вели дервишот Абдулмуталип Беќири од Бекташиската заедница. 

„За да бидеш верник, треба да бидеш човек“, велат од Исламската верска заедница. Човекот, како што велат оттаму, не смее да мисли лошо за друг човек. Ако во едно општество нема вера и етика, тогаш нема закон кој може да го контролира тоа општество.

Калина Пауновска беше еден од гостите кои присустваа на промоцијата на документарниот филм. Таа живее на улица „Струшка“ во Тетово и, како што вели, во ова маало само три семејства се македонски, сите останати се припадници се Албанци. Но, тој што е човек, вели Калина, не прави разлика помеѓу етникуми и религии.

„Јас тука во Тетово живеам 47 години и јас не сум почуствувала некои проблеми меѓу Македонци и Албанци. На пример, живеам во едно тетовско маало на улица „Струшка“ каде сите се Албанци, а има само три куќи каде живее македонско население. Постојано соработуваме и контактираме. Тензиите ги носат самите политичари, а ние не правиме тензии. Ние си живееме нормално и сме како фамилија со соседите, отворени капии, одиме на гости и слично“, ни раскажа Пауновска Калина.

Документарниот филм „Мие у Тетово“ го изработи невладината организација „Граѓански комуникации“.

„Со филмот „Мие у Тетово“ сакаме да го прикажеме соживотот во Тетово меѓу Македонци, Албанци, Роми, Турци и сите етнички заедници кои живеат во овој град. Верските поглавари велат дека соживотот е само преку камерите, каде има официјални настани. Мислам дека има соживот, но во минатото имаше повеќе соработка меѓу луѓето од различни вери и религии. Сметам дека се зависи од личноста“, рече Катерина Пауновска од невладината организација „Граѓански комуникации“.

Етникуми Религии соживот Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.