Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интегрирано образование: Тетовските ученици на заедничка настава само преку проекти

0
By Нова ТВ on May 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонци и Албанци заеднички да следат настава во еден клас е реткост во Македонија, но во тетовско Прељубиште интегрирано образование, ако така може да се каже, било привилегија. Зоран Василевски, сега семеен човек, оженет и татко, е дел од првата генерација на ученици кои следеле интегрирана настава во објектот во село Прељубиште, како подрачно на средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово.

Тој вели дека во училиштето се запознал со албанскиот јазик, но дружењето и пријателството кои останале со неговите соученици Албанци е најдрагоценото нешто што го добил од интегрираното образование. Смета дека ваквиот начин на образование треба да продолжи и понатаму, посебно во средини како што е полошкиот регион.

„Преку училиштето бевме во Норвешка. Имам мало познавање на албанскиот јазик кој го научив во училиштето, можев да научам и повеќе, но колегите Албанци добро го владееа македонскиот јазик што претежно го користевме во меѓусебната комуникација. Со поголем дел од нив останавме во контакт, излегуваме на кафе, но поради обврските сите сме оженети, омажени и поретко се гледаме, но, сепак, контактираме. Кога ќе се сретнеме се поздравуваме пиеме по едно кафе и така. Мислам дека во региони како нашиот, треба да има такви училишта, да има зближување на сите националности. Крајно време е да разбереме дека е важно е каков е човекот, а не религијата или нацијата. Имаше и добри и лоши коментари во врска со запишувањето во тоа училиште. Во стил како браво алал да ти е што си се запишал таму, некои ми велеа зошто си се запишал во село со Албанци да учиш, а знаеш што се случуваше во 2001 година. Јас мислам дека не згрешив“, рече Зоран Василевски.

 

Орхан Емурлаи бил соученик на Зоран Василевски. И тој зборува за позитивното искуство од ова училиште.

„Па да ви кажам имав одлично искуство и ден денеска кога се среќавам со пријателите Македонци и Албанци другарувам ги имам на фејсбук, прекрасни луѓе“, вели Емурлаи.

Во објектот во тетовско Прељубиште завршија две генерации кои следеа интегрирана настава, а беа дел од Средното стручно земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Проектот беше финансиран од „Нансен дијалог центар“ од Норвешка, но истиот во ова училиште заврши во 2015 година. Небојша Трпковски, сега директор на Средното стручно училиште „Моша Пијаде“, своевремено бил класен на во училиштето во кое се одвивала интегрираната настава.

„Имаше разни предавања во класовите, тоа беше во рамки на вонаставните активности. Имаше секција за слободни активности преку која учениците се запознаваа со културата на другиот. Приказната беше успешна и имаше напредок во односите меѓу Македонците и Албанците. Сакавме да продолжиме и понатаму, но се појавија некои проблеми во врска со објектот кој беше во Општина Јегуновце, а нашето училиште беше од Тетово, проектот норвешки и малку се искомплицира и затоа мислам дека истиот не продолжи. Ние сме подготвени да продолжиме со ваков начин на настава. Потребно е во една ваква средина да има такво нешто. Во земјоделското училиште има и Македонци и Албанци кои учат одделно во две згради и следат одделна настава, само спортските активности се заеднички, затоа што спортот не знае за граници“, вели Трпковски, директор на Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово.

Трпковски вели дека се обидуваат децата од различни етникуми да ги зближат во рамки на образовниот систем преку проектни активности.

„Министерството за образование има проектни активности за меѓуетничка толеранција. Има повици, ние учествуваме во тој проект за зближување на ученици кои немаат контакт со ученици од други етникуми. Правиме заеднички активности, посета на културни споменици во градови каде живеат Македонци и потоа обратно. Реално, секој нема можност да се движи во мешани средини. Тие интерсоцијални активности се потребни, потоа треба да има и практична настава, работата е работа, а јазикот е јазик. Сето ова што го зборувам се потврди на еден семинар во Португалија. Таму не се збореше ниту македонски, нити албански јазик и тогаш се докажа дека јазикот не е проблем, а португалската компанија дури и понуди работа на децата. Така да сметам дека јазикот не треба да биде проблем за заедничка настава во стручните училишта“, додава Трпковски.

Децата во останатите училишта во Тетово, но и околината учат како во два одделни света. Пример е тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ каде во централниот училишен објект учат Албанци, а на околу еден километар подалеку во старите објекти на старото медицинско училиште учат Македонци. И од претходната и од оваа власт имаше многу ветувања за доградба во рамки на постоечката гимназија, каде децата од двата етникуми би учеле заедно. Слична е ситуацијата во основното училиште „Братство-Миѓени“ во Тетово, каде учениците од различни заедници учат одвоено. Слични примери има во останатите училишта и во некои тетовски села. Практични решенија за овие етнички бариери од властите сè уште нема.

Албанци Македонија Македонци Настава образование соживот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.