Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетовци по пожарот дишат двојно повеќе јаглерод моноксид и ПМ10 честички, а шестпати помалку озон

0
By НОВА ТВ Balaban on May 31, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 31, 2022 13:16

Главното прашање е колку траела изложеноста на овие штетни гасови – ако продолжат да растат вредностите, кај граѓаните во Тетово може да се јават здравствени проблеми, а ако почнат да се намалуваат, не би требало да се очекуваат проблеми, вели за НоваТВ проф. д-р Нико Беќаровски, токсиколог. Но доколку некој од граѓаните почувствува зешеметеност, поспаност, тешкотии во дишење и други проблеми, задолжително да се јави на лекар. 

Во моментот се забележува сосемо мало покачување на одредени параметри и нема место за паника, соопштија предмалку од Канцеларијата за комуникација на Министерството за животна средина и просторно планирање, по големиот пожар во Тетово.

Во информацијата не се наведува концентрации на кои гасови се зголемени, туку упатуваат „податоците се достапни на веб страницата на МЖСПП и на официјалниот ФБ профил на Министерството“.

А на Фејсбук профилот на ова Министерство е објавено дека концентрацијата на јаглерод моноксид која вчера во 14 часот изнесувала 1.4964 милиграми на метар кубен, денеска во 6 часот изутрина е 2.8536, значи е двојно зголемена.

PM10 честичките вчера во 14 часот изнесувале 36.2 микрограми на метар кубен, a утринава во 5 часот 69.87, а во 6 часот 52.53.

И ПМ2.5 честичките во тетовскиот воздух се двојно зголемени – од 16,7 микрограми на метар кубен вчера во 14 часот, на 36.5 денеска во 6 часот.

Додека озонот во тетовскиот воздух по пожарот, очекувано, е намален за речиси 6 пати – од 34.62 микрограми на кубен метар вчера во 14 часот, на само 5.2 утринава во 6 часот!

Во Тетово е зголемен е и азотен диоксид – од 15. 3373 микрограми на кубен метар вчера, на 24. 3716 утринава во 6 часот. Овој гас во воздухот првенствено влегува од согорување на гориво. NO2 се формира од емисиите од автомобили, камиони и автобуси, електрани и теренска опрема.

Проф. д-р Нико Беќаровски, токсиколог на Универзитетската Клиника за токсикологија појаснува:

– Прво, вредностите зависат од тоа на која оддалеченост од пожарот е мерењето. Не станува збор за преголемо зголемување на концентрациите на јаглерод миноксид во воздухот, но долготрајна експозиција на овој отровен гас секако би предизвикала здравствени проблеми. Од краткотрајната изложеност на овие зголемени вредности и на јаглерод моноксид и на ПМ10 и ПМ2.5 честички, која, претпоставувам, се менува секој час, не би требало да се очекуваат здравствени проблеми кај луѓето кои живеат во околината на мерните  станици. Главното прашање е колку траела изложеноста на овие штетни гасови – ако продолжат да растат вредностите, кај граѓаните во Тетово може да се јават здравствени проблеми, а ако почнат да се намалуваат, не би требало да се очекуваат проблеми, нагласува проф.д-р Беќаровски за НоваТВ. 

Тој советува доколку некој од граѓаните почувствува зешеметеност, поспаност, тешкотии во дишењето и други проблеми со здравјето, задолжително да се јави на лекар. 

Кај лицата кои се умерено или благо затруени со јаглерод моноксид  честопати се јавуваат симптоми како главоболка (најчест симптом), изнемоштеност, гадење и вртоглавица, но тие може да бидат погрешно
дијагностицирани како акутни вирусни синдроми.

Во врска со параметрите во воздухот кои се зголемени во Тетово, ги побаравме во МЖСПП за попрецизни информации, но никој не се јавуваше во канцеларијата на телефонот 02 3 251 403.

Во соопштението коешто го испратија се наведува:

– Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно ингеренциите, редовно ќе ги следи и ќе ги објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово која е во целосна функција, но податоците не се видливи на веб страницата на МЖСПП заради технички проблеми со главниот сервер. Истите, МЖСПП редовно ги објавуваше, на секој час, во текот на попладневите и вечерните часови, а почнувајќи од 6 часот наутро се објавуваат и ќе бидат објавувани и во текот на денешниот ден, се вели во информацијата од МЖСПП.

А на прашањето има ли и која е опасноста по здравјето на тетовци од големиот пожар вчера, Илија Бојаровски, лице за односи со јавноста во Центарот за управување со кризи, ни изјави:

– Нема токсини и отрови во воздухот. Не се пожали никој на вртоглавица, освен за тие што влегле во чад и во оган, ни рече Бојаровски.

Директорот за Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, и денеска упорно тврди дека нема опасност за тетовци.

– Дојде тим од АРСМ со опрема која е донација од САД и извршија мерење. Чад имаше, но немаше отровни материи. Нивната опрема може да детектира отровни испарувања. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема никаква опасност по нивното здравје, вели Ангелов за Утрински брифинг.

Инаку, вчера најмалку три лица со симптоми на труење се хоспитализирани во Клиничката болница во Тетово по што веднаш биле ставени на кислородна поддршка и соодветна терапија.

Еве каков воздух дишеле тетовци вчера, а каков денеска – табела на МЖСПП:

Љубица Балабан

азотен диоксид двојно повеќе дишат јаглерод моноксид МЖСПП Нико Беќаровски озон по пожарот Тетовци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.