Лидерот на Беса, Билал Касами е новиот градоначалник на Тетово. Досегашната градоначалничка Теута Арифи, која на седмите локални избори во земјава, на прес-конференција во партиското седиште на ДУИ го призна поразот, му честита на противкандидатот Касами и му посака среќа во менаџирањето со градот под Шара.
„Според броењето на резултатите што е при крај, излегува дека противкандидатот има повеќе гласови и Општина Тетово ќе биде водена од него. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои ме поддржаа и да му посакам среќа на противкандидатот кого го чекаат многу предизвици при водење на Тетово“, изјави Арифи.