Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тевдовски: Фокус на Програмата се економијата и животниот стандард

0
By Нова ТВ on March 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 12, 2017 13:38

Главен фокус во Програмата за работа на Владата на Република Македонија во периодот 2017 – 2020 година е економијата и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните, соопшти денеска на прес конференција Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

„Програмата содржи нов пристап за развој на македонската економија која се темели на три елементи: поддршка за домашните претпријатија, раст на платите и социјална праведност.

Државната поддршка за поттикнување на домашните претпријатија, пред сѐ малите и средни претпријатија, ќе биде многукратно зголемена и ќе биде поставена на 20 милиони евра уште во првата година на мандатот. Ќе бидат помогнати инвестиционите проекти на домашните претпријатија, но и ќе се отворат деловни старт-ап центри во сите поголеми општини и ќе се оснива фонд за вложување во старт-ап и мали и средни претпријатија. Преку активните мерки за вработување ќе се влијае на вработување на 16 илјади лица годишно во приватниот сектор. Деловната клима ќе се ослободи од политички притисоци и репресии. Ќе се воведе јавен регистер на инспекциски контроли, со цел елиминирање на субјективноста и јавноста да има целосен увид. Институциите задолжително ќе објавуваваат упатства за примена на законите во нивната област. А, Владата во првите 100 дена ќе го објави вкупниот износ на сите акумулирани доспеани обврски на државата и ќе изработи план за нивно плаќање со јасни рокови.

Македонија мора да излезе од мизерно ниското ниво на плати. Програмата содржи мерки кои ќе прават притисок платите да растат. Државата ќе стимулира отворање на подобро платени работни места. Малите и средни претпријатија за отворање на ново работно место ќе добиваат еднократна финансиска поддршка помеѓу 72.000 и 162.000 илјади денари, под услов на лицето да му исплаќаат бруто плата повисока од просечната во минатата година во период од 12 месеци. Во првата година на мандатот, минималната плата ќе се зголеми на 12 илјади денари и таа ќе важи и за индустријата за текстил, облека и кожа. А, реформата во образовниот систем ќе овозможи раст на платите на долг рок. Растот на платите ќе прави притисок да се зголемува продуктивноста во економијата.

Развојот на економијата не може да обезбеди подигнување на животниот стандард на мнозинството на граѓани, ако неговите плодови се неправедно распределени. Владата има за цел постепено да внесува праведност во двата клучни механизми за редистрибуција на доходот во општеството – даночниот и социјалниот систем. Промените во даноците и социјалните трансфери ќе бидат воведувани паралелно со подобрувањето на ефикасноста на институциите.

Првиот чекор во подобрување на ефикасноста на институциите е обезбедување на целосна фискална транспарентност. Таа претставува и клучен приоритет во работата на Владата во првата година на мандатот. Сите буџетски корисници, фондови и јавни претпријатија не само што ќе мораат да ги имаат објавено завршните сметки на своите веб-страници, туку уште повеќе, ќе мораат да доставуваат до Министерството за финансии детални месечни извештаи за трошењето на доделените пари од буџетот, заедно со обврските што ги превзеле, а не ги платиле. Овие податоци, со помош на платформа за пребарување, ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за финансии, со цел граѓаните да бидат контролори ако се прават злоупотреби.

Новиот пристап во економијата ќе ги раздвижи оние моќни сили кои ја движат економијата, кои Кејнз ги нарекува, animal spirits (животни енергии). Тие чекаат да бидат пробудени. Македонија може! Затоа не треба да се губи време, неопходно е Ѓорге Иванов да го додели мандатот за составување Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за што поскоро новата Влада да започне да ја реализира Програмата за живот.

екомија животен стандард програма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.