Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тевдовски очекува пресврт и раздвижување на економијата

0
By Нова ТВ on April 22, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 22, 2018 14:00

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека македонската економија оди во добра насока и очекува сериозен пресврт и нејзино раздвижување годинава.

Тој во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека на почетокот на годинава има показатели кои укажуваат дека економијата оди во добра насока.

„Во јануари и февруари годинава во споредба со претходната година, индустриското производство расте за 5,6 проценти. Има сериозен раст на извозот околу 24 проценти. Кредитната активност во првите месеци е исто така раздвижена и висока, вклучително и кај компаниите што е позитивно, бидејќи во изминатиот период главно беше кај домаќинствата. И платите во Македонија започнаа вистински да растат, со раст од 5,6 проценти на годишна основа, што ја зголеми просечната плата за 1.250 денари и за првпат имаме просечна плата над 24.000 денари. Ова се први сигнали дека македонската економија оди во добра насока, после 2017 година каде имавме ноќ и ден – една половина од годината со економски пад, потоа започна да се движи позитивно економијата. Сега, 2018 година може да се очекува да биде сериозен пресврт и економијата ќе продолжи да се движи во добра насока“вели Тевдовски.

Според него, стимул за раст на економијата ќе биде и безусловната препорака на Европската комисија за почеток за преговорите за членство.

„Тоа е многу важно, бидејќи по сите теории економијата ја движат очекувањата на економските агенти. Тоа значи дека ваков силен сигнал, како добивање на безусловна препорака и пораката на Могерини дека Македонија е повторно на вистинската патека, сето тоа ќе ги раздвижи очекувањата и ќе фирмите и компаниите ќе преземат активности кои ќе водат напред. Тоа што се враќаме на вистинска патека во евроинтеграциите е показател за инвеститорите дека е безбедно и дека може повеќе да инвестираат. Тоа значи дека во Македонија годинава и годините кои ќе следат, може да се очекува и зголемување на инвестициите со движењето кон евроаталснките процеси, бидејќи сите земји во регионот кои се движеа во таа насока тоа го остварија, вели Тевдовски.

Тој додава дека потребни се повеќе реформи за да економијата оди напред и посочува дека се преземаат голем број активности за што поголема транспарентост.

„ ММФ и Светска банка тоа го поздравуваат. Министерството за финансии презема многу мерки од објавување на граѓански буџети, објавување на досега необјавени податоци, барање сите институции договорите од јавни набавки да ги објавуваат на веб страните. Сето тоа е во насока на фискална транспарентност. Фискалната транспарентност значи дека јавноста прави притисок, парите од граѓаните да се трошат во вистинска насока“ вели Тевдовски.

Во следните 12 месеци, министерот Тевдовски очекува да заврши првиот сериозен бран на реформи, повеќе инвестиции како резултат на напредокот во евроатланските интеграции, како и раздвижување на економската состојба во или над нејзиниот потенцијал на економски раст.

економија Тевдовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.