Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тhanks PRIDE

0
By Zoran Ivanov on June 19, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 19, 2026 14:55

Лени Фрчкоска: Фотографија направена некаде во њујоршкото метро. Сама по себе зборува повеќе од било кој мој обид да објаснам зошто ме импресионира еден наводно радикален, но всушност секојдневен, мирен мултикултурализам и различност на религиските, сексуалните и родови преференци.

Скоро една раздрагана различност која едноставно постои, не провоцира, нема зошто и кого да провоцира.

Секако клучен останува односот кон различното во јавната сфера. Чувството дека јавноста му припаѓа и на Другиот. Дека Градот му/ѝ припаѓа и на Другиот. Градот е дом за сите и неговите жители чувствуваат дека единственото кое мора да остане во нивните четири ѕида е нивната евентуална нелагода.

Во јуни Скопје има шанси.

Изложби, предавања, перформанси…некој фин подиум потоа. Настани кои му нудат знаење, енергија и профил на вистински град. Потоа во наредните спори летни месеци тоа некако стишува, останува да резонира во нашите глави.

Секоја Парада на гордоста, а особно оваа следнава сабота, ја изодувам  со чувство на некоја благодарност. Програмска основа е јасна. И приоритетот останува да се реосвојува јавноста, битката против експлицитните и суптилните форми на насилство и дискурс на исклучување, зазор и срам. И вина. Сето тоа. Да стане видливо, да се искаже на лицата на актерите.

Парадата оваа годинава е дополнително важна во кoнтекстот на напад и назадување на дискурсот на индивидуални и групни права, дивеење на паланечкиот патријархат и традиционализам (од измените на законите во образованието до реториката врзана со секојдневниот живот и различните животни стилови)

Но, имам и една лична позадина.

Моето искуство на опуштеност и некаква заштитеност кога комуницирам со пријателите во квир круговите. Во таквите пријателства низ годиниве –  испоседнати по троседи, тераси, плажи, подиуми, низ илјадници разговори почувствувавме дека сме на  истата страна во ист меур. И дека ни е добро. Дека така може да се поднесе бесмислата и окружението кое е на пат да стане мошне грдо.

Оној момент кога ќе почувствувате дека традиционалните форми на припадност (камуфлирани со прстени, торти, наводно спонтани просидби споделени по портали и некакви фрази како „ја славиме љубовта“ (која пак е обично тивка и сокриена меѓу редовите и во некажаните зборови, во премолченото помеѓу воздишките) ви треба смеењето со ближните по вредности, љубов и сарказам. Но и дистанца од сето хетеронормативистички исправно.

Постепено, едни покрај други, чувствувате дека двојката која се случува подоцна (ако воопшто некогаш и се случи) а дошла децении откако пријателствата поминале низ серија искушенија не може да стане приоритетна пред пријателите кои ви ја крепеле душата.

Извор: Либертас.мк

лени фрчкоска став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.