Пристигна конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила.
Во координација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот.
-Денеска во граничниот премин табановце директорот на ДЗС, го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила. Во координација на ДЗС конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот, соопштија од ДЗС.
Словенија испрати 46 припадници на цивилната заштита специјализирани за гаснење пожари со 16 возила, стои во вчерашната објава на официјалниот Твитер профил на словенечката влада.
Поддршката доаѓа во моменти кога неколку земји-членки на ЕУ обезбедуваат опрема и им помагаат на Италија, Грција, Албанија и Северна Македонија да се борат со катастрофалните пожари, вклучително со противпожарни авиони и хеликоптери.