НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Одбраната тврди дека нема злосторничко здружение

0
By Нова ТВ on May 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Моето искуство како бранител, а врзано за Основниот суд Скопје 1 говори дека низ праксата се покажа дека големината на обвинителните акти и наводното злосторничко здружување е исклучително тешко за докажување посебно ако се има предвид широкиот временски период, рече адвокатот Дончо Наков во воведените зборови за првиот случај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Титаник“ кој се однесува на изборни измами и финансирање на изборните кампањи на изборите во 2011, 2013 и 2014 година.

Тој уште рече дека наводниот мотив не произлегува од судската пракса и побара примена на Европското право кое што со измената на Законот за судови доби обврзувачка примена.

-Оваа позиција како нишка ги поврзува сите обвинети поединечно. Ќе докажеме дека таа нишка се прекинува, фактички и не постои, односно обвинетите поединечно немале умисла да остварат вакво дело. Ниту времето, ниту местото на извршување на поединците, се дадени согласно законот. Исто така, за една работа за едно дејствие некој два пати да одговара – како потикнувач и извршител, е неможно. Ова се однесува на обвинетите Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протугер и Кирил Божиновски, рече Наков.

Адвокатот Димитар Дангов во воведното обраќање пред судот побара ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски како и за уште тројца обвинети меѓу кои и за градоначалникот на општина Пустец и претседател на политичка партија на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

И по „Титаник“ има „Титаник“ 2 и 3

Случајот  „Титаник“ има и две други продолженија, „Титаник 2“ и „Титаник 3“ исто така поврзани со изборни нерегуларности.

Во „Титаник 2“ обвинети се поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи како и поранешните членови на Државната изборна комисија (ДИК) Бедредин Ибраими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска. Мијалков е обвинет за   Примање награда за противзаконито влијание а останатите четворица за Злоупотреба на службената положба.

Според СЈО, Мијалков го поттикнал Тачи, , кој му наложил на претставникот на ДПА во ДИК Бедредин Ибраими да ја искористи својата службена положба и овлатување и да гласа „ЗА“ уважување на приговорот поднесен од листа на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за избор на градоначалник на Општина Струмица на едно избирачко место на локалните избори во 2013 година. Како што тврдат од Специјалното обвинителство, противправното дејствувале и тогашните членови на ДИК обвинетите Бедредин Ибраими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска кои, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, иако биле свесни дека нема законски основ, донеле незаконско решение со кое незаконски е поништено гласањето на едно избирачкото место во Општина Струмица.

„Конкретно, обвинетиот Сашо Мијалков, воден од сопствениот идеал за едно-партиски систем, во кој што политичките противници не претставуваат конкуренција туку непријател кој што треба да се елиминира од политичката сцена, во координација со Мендух Тачи кој што ја злоупотребува сопствената политичка и партиска моќ успеаваат на недемократски начин да ја згазат демократијата. На крајот резултатот од тргувањето со политичкото влијание и безпоштедното полтронство доведуваат до состојба во која што кандидатот Васил Пишев опстојува во политичката битка и повторно се организира прегласување каде што се трошат буџетски пари како последица на незаконита одлука на Државната изборна Комисија. Она на што треба да се посвети поголемо внимание е мотивот за сторување на ова кривично дело од страна на обвинетите, пред се’ на Сашо Мијалков. Тоа е мотив кој што се базира на чувство на сопсвената политичка недопирливост и имуност на политички пораз“, пишува меѓу другото во воведните зборови на СЈО за овој случај што обвинителството денеска ги објави на својата официјална веб страница.

СЈО не се откажува од изборните нерегуларности

Во „Титаник 3“ пак, СЈО ги гони Исмет Гури и Ејуп Аљими за „ Уништување на изборен материјал“

„Виновни се затоа што со сопствени дејствија, а и служејќи се со дејствијата на сведоците, со преправање, односно додавање и одземање на повеќе гласови, го уништиле изборниот материјал, односно списите кои што служат за изборите и гласањето и тоа, записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање од избирачки одбори за 13 избирачки места за избор на градоначалник на општина Чаир од прв изборен круг, при одржување на локалните избори во 2013 година, на начин што материјалот станал неупотреблив“ пишува во воведниот говор на ова обвинителство што исто така беше објавен денеска на неговата официјална веб страница.

Во јуни минатата година, обвинетиот  Ејуп Алими во писмена изјава до медиумите изјави дека ќе соработува со органите на правдата за да се докаже вистината во врска со покренатите обвиненија.

„Убеден сум дека ова обвинение за кое дознав од медиумите нема никаква основа, но мислам дека независноста на оваа институција е најдобар начин да се докаже вината или невиноста на секој човек. Останувам во служба на правдата. Во меѓувреме очекувам да се почитува презумпцијата на невиност, додека тоа не се потврди во судска постапка“, изјави Алими.

Случајот „Титаник“ е во тек, рочиште за „Титаник 2“ е закажано за утре а датумот за почеток на судењето за „Титаник 3“дополнително ќе биде одреден.

„Титаник“ воведни зборови одбрана СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.