Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров пак го најави новиот Клинички, СДСМ ќе ја преиспита работата

0
By Нова ТВ on April 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот Клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра во јуни ќе го градат градежните компании „Гранит“ и „Бетон“ во соработка со една италијанска компанија, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека дека оваа понуда била избрана како најприфатлива и дека изборот е направен со одобрување од стручен тим од Банката за развој на Советот на Европа.

-Потпишувањето ќе биде по доставување на валидната банкарска гаранција од понудувачот за квалитет на изведбата во вредност од 10 проценти. Рокот за завршување на градбата на новиот Клинички центар е предвиден за 45 месеци, рече Тодоров.

Според ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборите во 2014 година изградбата на Клиничкиот центар требаше да биде готова годинава.

Од СДСМ преку соопштенија одговорија дека нов Клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска Влада и најавија  преиспитување на работењето на Тодоров, вклучувајки го и „скандалозниот, сомнителен тендер за Клиничкиот центар“ што го реализира власта во заминување со технички овластувања.

– Клиничкиот центар во Скопје требаше да биде готов до 2 јануари 2017 година. Денеска е 23 април 2017 година, а од новиот Клинички центар се уште ги има само тарабите покрај кои се шетаа Тодоров и Груевски пред три години, се вели во соопштението.

 

ВМРО-ДПМНЕ Клинички центар СДСМ Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.