Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров: Заедничката историја не значи „един народ, две држави“

0
By Нова ТВ on August 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија и Македонија имаа заедничка историја и тоа е историјата која припаѓа на историјата на османлиската империја. Но имаат и преплетена историја. Денеска нема историја што не е преплетена историја, вели Петар Тодоров, историчар од Институтот за национална историја и член на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тодоров, на обвинувањата во дел од јавноста дека со Договорот со Бугарија, во македонските учебници ќе стои историја по бугарски терк, одговара дека во нив ќе пишува историја по македонски терк, но каков ќе биде тој македонски терк зависи од идните автори на учебниците по историја.

-Доколку сакаме да ги надминуваме конфликтите, новите учебници ќе треба да го следат и да се пишуваат во насока на градење на долготраен и одржлив мир, т.е кон педагогија на мирот и кон развивање на критичко мислење кај учениците, нешто што денеска во учебниците во Македонија, но и во регионот не го наоѓаме, вели историчарот Тодоров.

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, Тодоров го објаснува терминот „заедничка историја“ – во политичка и во академска смисла.

-Во јавноста често од страна на политичарите и историчарите се користи терминот заедничка историја, притоа имам впечаток дека тоа се користи по потреба на политичкиот интерес на тој или таа кој го користи терминот заедничка историја. По правило кога академска дефиниција, кога за одреден концепт во историјата како што е заедничка историја се употребуваат академски дефиниции и националистички дефиниции доаѓа до краток спој. Заедничка историја не подразбира –„един народ, две држави“, заедничка историја Македонија и Бугарија имаат и тоа е историјата која припаѓа на историјата на османлиската империја.

Исто така и Македонија и Србија имаат заедничка историја од 1912 до 1991 во рамките на Југославија. Но Македонија и Бугарија имаат и преплетена историја, еден друг концепт во историографијата кој се користи. Преплетена историја подразбира дека нациите, империите, цивилизациите, ако сакаме и комунизмот и капитализмот не се исклучиви и ексклузивни категории на историографијата, напротив тие настануваат со меѓусебна интеракција и денеска нема историја што не е преплетена историја, вели Тодоров.

Тодоров во интервјуто зборува и за работата на Комисијата, која досега имала еден состанок во Софија. Комисијата за историски и образовни прашања има за цел да помогне во надминувањето на теми кои се сметаат за болни во заедничките односи и да помогне во надминување на конфликтите. Тодоров им порачува на политичарите да не им робуваат на националистите.

-Доколку се продолжи со изјави кои се одлика на минатите времиња и кои предизвикуваа конфликти, тогаш како член на Комисијата, сметам дека воопшто и не требаше да се формира Комисијата“, вели тој.

Според него стравувањата дека Македонија ќе се откажува од одредена историја, се неосновани. Тодоров понатаму вели дека често политичарите во недостаток на конкретни и конструктивни политики се фаќаат за историјата и често таа политика доведувала до сериозни последици.

Бугарија Договор Историја Македонија учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.