Високите температури што во јуни и во јули ја зафатија цела Франција предизвикаа смрт на 1.500 луѓе, соопшти денеска министерката за здравство, Ањес Бузин. Споредбено со рекордните горештини од 2003 година, додаде таа, бројот на починати ова лето е за 10 пати помал.
Министерката за здравство прецизира дека половина од оние што починале оваа година биле на возраст над 75 години.
„И покрај овие тешки услови, од 2003 година успеавме да ја намалиме смртноста за 10 пати, благодарение на превенцијата и соодветното информирање на населението“, рече Бузин, заблагодарувајќи се на професионалната мобилизација на вработените во здравствениот сектор.
Во јуни оваа година, во Франција се регистрира температурен рекорд од 46 Целзиусови степени.