Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Траекторија: „Бомбите“ остануваат докази, одбраната одолговлекува

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд е дадена пауза од еден час на судското рочиште за случајот „Траекторија“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Одбраната побара одложување на рочиштето и да и биде даден записникот од рочиштето од 31 јануари. Обвини дека се уште не и е доставен, иако го побарале со цел да се подготват соодветно за денешното рочиште. Адвокатот Донче Наков побара записниците да им бидат дадени на ЦД за да може да продолжат со воведни зборови.

Адвокатскиот тим на Груевски се пожали дека ако судот го одбегнува спроведувањето на Законот за кривична постапка тие на обвинетите нема да можат да им понудат правна помош.

Според обвинителката на СЈО, Лиле Стефановска, сите предлози и забелешки се даваат со цел одлагање, а не подготовка на одбраната. Таа рече дека судот е должен да овозможи да тече непречено главната расправа.

– Ако главната расправа започнува со давање воведни говори не гледам зошто да не почнеме со главна расправа. Сите предлози и забелешки се даваат со цел одлагање, а не за подготовка. Сметам дека ваквиот начин на поднесување предлози и забелешки само го отежнува работењето, посочи Стефановска.

Судијата Горан Бошевски рече дека записниците од претходните рочишта можат да се подигнат од шалтерот во судот.

На почетокот на денешното рочиште, судијата Бошевски ги одби предлозите на одбраната да им бидат предадени доказите на ЦД или во пишана форма, како и аудио снимките да се одбијат како материјални докази во постапката.

Во однос на аудио снимките, Бошевски рече дека независно што тие се креирани на незаконит начин, сепак од СЈО се предадени на законит начин и можат да се користат во постапката.

Бошевски посочи дека транскриптите од снимките не се доказ, туку помошно средство и апелираше, но не го задолжи СЈО, ако може да ги даде на одбраната на ЦД, бидејќи и судот нема ништо против тоа да биде направено.

Како дел од доказниот материјал во овој случај се 315 аудио-снимки.

Судењето за „Траекторија“ почна од почеток на 31 јануари поради променет судечкиот совет.

Адвокатите на обвинетите ги оспоруваат и вештачењата за направената штета со изградбата на автопатиштата во износ од 155 милиони евра.

Во „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

автопати Груевски Дангов провизии Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.