Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Траекторија: Одбраната бара исклучување на јавноста

1
By Нова ТВ on September 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 4, 2018 12:04

Во Кривичниот суд продолжи слушањето на телефонските разговори кои СЈО ги достави како доказ за случајот Траекторија, односно за изградбата на патиштата Миладиновци- Штип и Кичево -Охрид. Досега се преслушаа околу 20 телефонски разговори.

Во еден од тие разговори тогашниот премиер Груевски му кажува на екс минситерот за транспорт Јанакиевски да го вклучи и Ѕинго во изградбата на кинеските патишта.

„Миле со Ѕинго сум. Да го вклучиме во кинеските патишта кога ќе дојде време, му вели тогашниот премиер Никола Груевски на министерот Миле Јанакиески.

На денешното рочиште ќе се презентираат и смс пораки меѓу поранешните владини функционери, кои се обвинети за изградбата на автопатиштата.

Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова предложи само дел од прислушуваните разговори да се слушаат без присуство на јавноста, бидејќи во нив имало и приватни разговори, а адвокатите на обвинетите сметаат дека сите разговори треба да бидат преслушани, но без присуство на јавноста. Адвокатката на Пешевски, Светлана Савиќ рече дека дел од разговорите кои СЈО ги предлага да се слушаат, се помеѓу двајца министри кои разговараат за државни прашања и за односи меѓу две држави и поради тоа јавноста треба да биде исклучена.

Судијата Бошевски даде пауза до 13 часот за да донесе одлука по предлозите и на одбраната и на Обвинителството.

Во Траекторија покрај Груевски и Јанакиевски, обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението Груевски го искористил своето реално влијание и службената положба како премиер и побарал од обвинетиот Владимир Пешевски, како вицепремиер, и Миле Јанакиески, како министер за транспорт и врски, да извршат избор на компанија за изградба на автопатите без да спроведат постапка за јавни набавки.

СЈО тврди дека бил заобиколен Законот за јавни набавки и само со директен договор со кинеската компанија „Синохидро“ склучен во октомври 2013 година започнала градбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, иако понудата на фирмата „СВЕ“  за изградба на автопатите била пониска за 4.800.000 евра.

 

 

Груевски Јанакиевски Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.