Демократскиот сојуз ја повикува Владата да побара поддршка од земјите членки на НАТО кои се истовремено членки на ЕУ, да обезбедат деблокада на почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија.
„Влијателните членки на ЕУ, како Германија и Франција, можат да издејствуваат Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите без било какви условувања и уцени, бидејќи барањата на официјална Софија се спротивни на европските критериуми и анахрони на 21 век“, велат од партијата на Павле Трајанов.
Европска унија – ДА, уцени – НЕ, треба конечно да се однесуваме државнички и со дигнитет!“, велат од ДС.