Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајковски: Нема да дозволиме Делчево да биде под заложништво на поедици кои го гледаат само личниот интерес

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ пред сограѓаните зборуваше за реазлизираните проекти во изминатите четири години и ги повика на заедничко изготвување на програмата за наредните четири години, програма за локален економски развој и подобар квалитет на животот.

– Интензивно работевме за да го подобриме квалитетот на животот во Делчево. Ги реализиравме сите капитални ветувања, а од програмата се реализирани високи 80% од ветените проекти, но и реализиравме проекти кои не беа ветени во програмата, но беа долгогодишен товар на граѓаните, рече Трајковски пред граѓаните во Делчево.

Тој наведе дека за неполни четири години во Делчево се изградија и реконструираа околу 20 км локални патишта и улици, издвојувајќи го урбанизирањето на населбата Басарица, каде немаше ни милиметар асфалт, како и рехабилитацијата на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево, рехабилитацијата на државниот пат А3 од село Ѕвегор до граничниот премин Делчево, рехабилитација на регионалниот пат Делчево-Пeхчево.

– Во овој период изградивме околу 5 км атмосферска и водоводна инсталација и 6 км фекална канализација, рече Трајковски.

Тој рече дека интензивно се работи на дореализација на големиот проект со за чиста вода за сите граѓани на Делчево и за селата Габрово и Ѕвегор – проектот „Водоснабдување на Делчево“.

Трајчевски во говорот спомена повеќе прокети за енергетска ефикасност, како изградбата на првиот пешачки мост на река Брегалница, изградба на градинки, градската капела, современиот градски пазар кој ќе биде завршен до крајот на годината.

– Вкупно сме вратиле 70 милиони денари стари наследени обврски. Општината должеше на советниците од претходниот состав, на новороденчињата, на пожарникарите, не беа исплатени стипендиите на најдобрите ученици и студенти на Делчево, општината должеше на фирми и изведувачи… сега, обврските се сервисираат тековно, општината е ликвидна и повратен е нејзиниот углед. Нема да дозволиме нашето Делчево и нашите сограѓани да бидат повторно заложници на група луѓе чиј единствен интерес е личниот, рече Трајковски.

На трибината беше присутен и потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој пред граѓаните кажа што направила власта за граѓаните во изминатите четири години, како и за дадената помош на граѓаните во ковид кризата.

Делчево СДСМ трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.