Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајно оштетување на белите дробови како последица на коронавирус

0
By Нова ТВ on March 28, 2020 ВЕСТИ
Фото: lesoir.be
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 28, 2020 14:33

Кај пациенти кои прележале заболување од коронавирус е констатирано трајно оштетување на белите дробови, тие потешко дишат и брзо се заморуваат. Сепак, експертите сметаат дека оние кои прележале – развиле имунитет.

Овие бројки будат надеж – преку 86.000 заболени од Ковид-19 оздравеле затоа што болеста кај нив имала само благи симптоми или бидејќи добиле квалитетна медицинска нега. Но, засега има релативно малку информации за тоа како се чувствуваат по оздравувањето.

Некои од нив со олеснување раскажуваат како физички и психички го пребродиле тој период: лечење на симптомите, мачна неизвесност, исцрпувачка фаза на изолација. Тие се радуваат што по излекувањето стекнале имунитет на вирусот САРС-КоВ-2.

Целосно оздравување?

Но, следните месеци ќе покажат дали кај одделни пациенти кои се опоравиле останале и несакани последици. Во фокусот се првенствено белите дробови. Со оглед на тоа што новиот вирус Ковид-19 првенствено ги напаѓа дишните патишта, заразените лица со средно силни или силни симптоми страдаат од сува кашлица, проблеми со дишењето и/или воспаление на белите дробови.

Лекарите во Хонгконг кај некои од пациентите по оздравувањето утврдиле намалена функција на белите дробови и трајно отежнато дишење. Тие, додуша, можеле да прегледаат само релативно мала група на заболени лица, но постојат први показатели за можни последици.

„Кај одделни пациенти функцијата на белите дробови по оздравувањето би можела да биде намалена за околу 20 до 30 проценти. Тие тешко дишат кога се движат малку побрзо“, вели доктор Овен Цанг Так-јин, медицински директор на Центарот за заразни болести во болницата „Принцеза Маргарита“ во Хонгконг.

Со помош на компјутерска томографија кај одделни пациенти е утврдена заматеност која упатува на оштетување на белите дробови. Сознанијата од Хонгконг ги потврдуваат и претходни истражувања од Вухан од крајот на февруари оваа година. Во една студија научниците од Универзитетот на болницата „Жонгнам“ анализирале снимки на бели дробови кај 140 пациенти заболени од коронавирусот и кај сите утврдиле сенки.

Сомнеж во фиброза на белите дробови

Други истражувања кај лица кои пребродиле Ковид-19 сега треба да покажат дали тие развиле фиброза на белите дробови, кај која настанува воспаление на врзното ткиво. Тоа, пак, доведува до размножување на белодробното врзно ткиво меѓу белодробните меури и околните крвни садови.

Поради тоа кислородот потешко стигнува до крвните садови, белите дробови стануваат крути, дишењето површно и отежнато. Последици се пречки во дишењето и сува кашлица, како и смалување на телесната форма, па доаѓа дури и до тешкотии во секојдневните активности.

Фиброзата на белите дробови е неизлечива, остава трајни лузни на белодробното ткиво. Но, напредувањето на болеста може да се забави или да запре ако навремено се дијагностицира.

Имунитет на заболените против вирусот

Најголем број стручњаци се уверени дека лицата кои прележале зараза на коронавирус потоа станале имуни на болеста. Имунолошкиот систем за време на инфекцијата создава антитела кои ги уништуваат предизвикувачите. Тоа важи и за оние кои имале само слаби или дури никакви симптоми, зашто нивниот имунолошки систем, сепак, реагирал на предизвикувачот на болеста и создал соодветни антитела. Затоа е многу веројатно кај нив да не дојде до повторна инфекција со коронавирус.

Бели Дробови Коронавирус последици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.