Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Ако бидам сменет, берзите ќе доживеат крах

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 23, 2018 16:49

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека пазарите ќе доживеат крах, ако тој биде отстранет од функцијата.

– Не знам како можете да смените некој кој добро работи. Дури и ако би бил сменет ќе се урнат пазарите. Сметам дека потоа сите ќе бидат многу сиромашни, изјави Трамп во интервју за Фокс њуз.

Тој ги спомна и своите економски достигнувања и тврди дека американската економија би доживеала пад ако тој не беше избран за претседател на САД.

– Јас се ослободив од бројни регулации, даночната реформа беше одлична работа. Но, и пред даночните олеснувања, уште првиот ден јас се ослободив од прописите. Одобрив изградба на гасовод, отворив 48.000 работни места. Направив многу, посочи Трамп.

Изјавата на Трамп уследи откако неколку конгресмени од Демократската партија побара да се покрене импичмент, бидејќи сметаат дека американскиот претседател е вмешан во кривично дело со тоа што неговиот адвокат Мајкл Коен ги исплати Сторми Даниелс и Карен Мекдугал.

Коен призна дека му дал пари на Даниелс и Мекдугал за да молчат за наводните афери со Трамп бидејќи тоа би му наштетило за победа на претседателските избори во 2016 година.

Трамп го обвини Коен дека го вмешал и него во тој случај за да добие помала казна. Но, американскиот претседател вчера изјави дека парите не биле земени од претседателската кампања туку биле лично негови.

Федерален суд во Њујорк му одреди кауција од 500.000 долари на Коен, кој се изјасни како виновен по осум обвиненија.

Коен беше обвинет за даночна и банкарска измама, како и за кршење на правилата за финансирање на изборни кампањи, поврзано со случаите во кои им давал пари на жени со кои Трамп имал љубовни врски да молчат пред јавноста. Обвинителството ова го гонеше како кршење на законите за предизборна кампања бидејќи јавните настапи на овие жени можеа да влијаат врз кампањата на Трамп.

Коен се соочува со казна затвор од четири до пет години, а спогодбата што ја постигнал со Обвинителството е во насока на тоа да добие помала казна.

Во својот исказ тој потврди дека Трамп му наложил од свој џеб да им даде пари на порно актерката Сторми Данијелс и „зајачицата“ на „Плејбој“ Керен Мекдугал, за што подоцна добил пари од Трамп. Првата жена добила 130.000 долари за да молчи за врската со Трамп, а втората ја продала својата приказна на списанието „Нешнл Инквајерер“ во пресрет на изборите во 2016 година, но Трамп и Коен влијаеле таа да не биде објавена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.