Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп бара смртна казна за Узбекистанецот кој изврши напад на Менхетен

0
By Нова ТВ on November 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 2, 2017 09:44

Американскиот претседател Доналд Трамп побара смрттна казна за напаѓачот кој го изврши крвавиот напад во Менхетен.

– Терористот на ИСИС беше среќен кога бараше да го закачи нивното знаме. Уби осум лица, рани 12. Треба да добие смртна казна, напиша Трамп на Твитер.

Претходно Белата куќа објави дека го смета Сејфуло Саипов кој уби осуммина во Њујорк, за непријателски борец, а претседателот Доналд Трамп ја разгледува можноста да го прати во американскиот затвор во заливот Гвантанамо на Куба.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека делата кои Саипов ги извршил даваат оправдување да биде третиран како „непријателски борец“.

Таквото означување им овозможува на властите на САД Саипов да го држат во затвор на неодредено време и без официјално обвинение и ќе му биде ускратено правото на бранител, објави АФП.

Портпаролката на Белата куќа рече дека претседателот на САД е отворен кон идејата да го испрати Саипов во Гвантанамо и додаде дека Трамп инсистира на тоа, но би ја поддржал идејата само доколку смета дека тој потег е најдобар.

Терминот „непријателски борец“ е воведен по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година и е употребен за затворање на стотина лица во Гвантанамо и по други локации каде САД имаа центри за притвор.

Сејфуло Саипов е обвинет за давање материјална поддршка и ресурси за терористичката група Исламска држава, во врска со нападот со пикап на Менхетн, во кој загинаа осум лица.

Тој вчера беше официјално обвинет за убиство на најмалку осум лица, кога со изнајмениот пикап удрил во луѓе на велосипедска патека во јужен Менхетн во Њујорк во вторникот.

Помошник-директорот на ФБИ Вилијам Свини рече дека поднесените обвиненија „не треба да се сфатат како знак дека нашата работа тука е завршена“ и дека властите продолжуваат да ги истражуваат активностите на социјалните мрежи на Саипов и други траги, заради понатамошно разбирање на неговите мотиви.

Саипов, кој е роден во Узбекистан, а од 2010 година живее легално во САД, ѝ рекол на полицијата дека видеата на Исламска држава што ги гледал на мобилниот телефон го инспирирале да го изврши нападот, изјавиле американски функционери за Ројтерс.

Тој го избрал вторникот за вршење на нападот бидејќи било Ноќ на вештерките и очекувал дека повеќе луѓе ќе излезат на улица. Рекол дека сакал да убие најмногу луѓе што може и дека имал намера да продолжи кон Бруклинскиот мост, каде што ќе прегазел повеќе пешаци и велосипедисти. Саипов рекол и дека вежбал возење и вртење на пикап-камионот.

Саипов бил инспириран да го изврши нападот од видеа на Исламска држава, а особено бил мотивиран откако видел видео во кое Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на ИСИС, прашал што прават муслиманите во САД и на други места за да одговорат на убиствата на муслиманите во Ирак.

Во неговата болничка соба да биде поставено знаме на Исламска држава и рекол дека се чувствува добро во врска со нападот.

Саипов една година го планирал нападот, а пред два месеци одлучил да употреби камион, објави Њујорк тајмс.

Во меѓувреме, ФБИ го идентификуваше вториот Узбекистанец како Мухамадзоир Кадиров, за кого рече дека го нашле и го испрашуваат.

Менхетен Саипов смртна казна Трамп Узбекистанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.